Во Белград, се трага по тројца исчезнати мажи во Дунав


Во саботата вечрта на Ада Хуја во Белград, дошло до превртување на чамец во кој имало четворица мажи.

Еден успеал да се исплива, па пренесен е во болница, додека по тројцата се трага. Потрагата уште трае.

Шефот на полициското одделение за безбедност на реките за РТС вели дека во потрагата се ангажирани повеќе служби.

Пронајден е еден појас за спасување, но уште се проверува дали има врска со исчезнатите.

Според српските медиуми, исчезнатите мажи се во доцните триесетти години.