Современите бајки од книгата „Детелинки-белинки“ ја збогатуваат домашната литература за деца


Новата книга за деца „Детелинки-белинки: современи бајки со четири листенца“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше претставена вчера (12 февруари) во „Литература суперстор“ во „Ист гејт мол“. На настанот, кој беше во рамките на „Денови на литературата“, кон книгата се осврна уредничката Оливера Ќорвезироска, а во продолжение групата […]

Ќе се реконструираат пет училишта: „Арсени Глоѓи“, „Ѓерг Кастриоти Скендербегу“, „Јунус Емре“, „Хајан Селмани“ и „Песталоци“


Министерството за образование и наука соопшти дека почнуваат реконструктивни зафати во основното училиште „Арсени Глоѓи“ во Теарце, изработка на термотехничка фасада во ОУ „Ѓерг Кастриоти Скендербегу“ во Арачиново, санација на потпорниот ѕид и реконструкција на училиштето „Јунус Емре“ во село Лисичани во Пласница, адаптација и реконструкција на училишна зграда во ООУ „Хајан Селмани“ во село […]

Владата во соработка со Метаморфозис ќе подготви нова Стратегија за транспарентност


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел подготовка на нова Стратегија за транспарентност на Владата, која ќе придонесе кон подобрување на транспарентноста и отчетноста на Владата и институциите врз основа на принципите за соработка со граѓанското општество и размена […]

Штетите од земјотресот во Турција изнесуваат над 84 милијарди долари


  Најсилниот земјотрес во Турција од почетокот на векот предизвика материјална штета, што може да ја чини Анкара близу 84,1 милијарди долари, соопшти на Конфедерацијата на турски претприемачи и бизнисмени (ТУРКОНФЕД). Во извештајот на ТУРКОНФЕД, објавен во текот на викендот, се наведува дека реновирањето на илјадници домови ќе чини 70,8 милијарди долари, загубата во националниот доход ќе […]

Трагедија во Скопје: По пад од зграда, маж почина, а жената со тешки повреди


  Маж го загуби животот, а жени со тешки телесни повреди е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде и е укажана медицинска помош, откако паднале од зграда на булевар „Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопшти МВР, во СВР Скопје вчера во 12.57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле […]

За фестивал без оркестар и изведба во живо 400 илјади денари се доволни


Стручната комисија за музичко-сценска дејност го поддржа Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во ист износ како и минатата година, со истото образложение дека оваа сума е доволна како поддршка за манифестацијата која се одржува на снимена лента, без трошоци за оркестар и изведба во живо, соопштија од Министерството за култура по прес-конференцијата на градоначалникот на […]

Курти: Доколку го одбиевме предлогот, ќе влезевме во конфронтации со сојузниците


Косовскиот премиер Албин Курти денеска на седницата на Собранието на Косово, на која го поднесува извештајот за дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави дека е прифатен француско-германскиот предлог, бидејќи во спротивно Косово ќе влезе во конфронтација со сојузниците, пренесе Бета. Курти пред пратениците нагласи дека на состанокот на 20 јануари во Приштина меѓународните емисари јасно […]

Купи порака на платно од Венко Андоновски и помогни на Турција и Сирија


Во организација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и писателот Венко Андоновски, денеска во просториите на ДПМ се одржа перформанс за прибирање финансиска помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Андоновски, кој е годинашен добитник на наградата „Стале Попов“ за неговиот роман „Папокот на светлината“, на 15 ликовни платна испиша 15 одбрани авторски […]

ДПМ станува привлечна асоцијација: Врачени годишните награди и соопштени почесните членови


По повод 76 години постоење на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), денеска беа врачени годишните награди за критика и есеј, поезија, проза и литература за деца и млади, а беа соопштени и новоизбраните почесни членови на ДПМ од странство. Наградата за критика и есеј „Димитар Митрев“ ја доби Соња Стојменска-Елзесер за книгата „Книжевен бинокулар“, […]

На Германија ѝ фалат 400.000 работници годишно, Баварија ќе отвори посебна канцеларија за Балканот


  Германија сѐ повеже има проблем со недостиг на работна сила, па баварија отвори своевидно натпреварување меѓу сојузните покраини со својата одлука да отвори посебна канцеларија за увоз на работна сила од Балканот. Со сопствени вработени и новооснована канцеларија, Баварија сака да го олесни заминувањето на потенцијалните негуватели и други работници од Балканот. На Баварија […]

Договорот со Фронтекс ратификуван во Собранието без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ


  Со забележливо отсуство на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска во Собранието со 61 глас беше ратификуван договорот со Фронтекс, прв ваков што македонија го потпиша со сите земји членки на ЕУ и со Европската комисија на македонски јазик. Договорот со Фронтекс Македонија и ЕУ го потпишаа на 26 октомври минатата година. […]

(Галерија) Што се носи во Њујорк додека трае Модната недела?


САД– Уличниот стил на NYFW во февруари не е само да изгледате стилски, туку и да ви биде топло во студеното време во Њујорк. На многу начини, тоа е незгоден чин за балансирање на обидот да се спои шикот со практичноста под сивото зимско небо. На вториот ден од ревиите во Њујорк, модните уредници, инфлуенсерите […]

Бугарија ќе ги прати во Турција генераторите што ги одби Македонија


  Бугарија ќе ѝ ги донира на Турција трите електрични генератори кои ги најави министерот за внатрешни работи, но кои беа одбиени од македонските власти на границата. На преминот „Деве Баир“ македонските погранични власти одбија да ги земат генератори за струја што ги најави  бугарскиот министер Иван Демерџиев за време на чествувањето на Гоце Делчев […]

Турскиот актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга загинаа во разорните земјотреси


Турција- Турскиот актер Чагдаш Чанкаја, кој е најпознат по улогата во телевизиската серија „Основачот: Осман“, и неговата сопруга Зилан Тигрис загинаа во разорните земјотреси во Турција. Тажната вест ја потврди неговата продукциска куќа „Боздаг филм“. „Многу сме тажни поради загубата на Чагдаш Чанкаја, ценетиот актер од нашата серија ‘Основачот: Осман’, и неговата сопруга, музичарката Зилан […]

Сопственичката на „Диамед“ доби условна казна од две години затвор


Сопственичката на „Диамед“ Вера Иванова денеска во Кривичниот суд беше прогласена за виновна дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари за центрите за дијализа „Диамед“, и доби условна казна од две години затвор. -За кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, Судот утврди казна затвор од една година […]

Киев: Радев не предлага мир, туку да клекнеме на колена


Бугарскиот претседател Румен Радев предложи Украина „да клекне на колена“ и да продолжи да дозволува „да ги убиваат нашите деца“. Ова го изјави советникот во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, во врска со изјавите на шефот на бугарската држава за време на неговото учество на состанокот на лидерите на ЕУ минатата недела. […]

Фудбалската Лига на шампиони продолжува утре со првите осминафинални пресметки


По тримесечна пауза од разврската во групите, утре почнува нокаут фазата во Лигата на шампиони со првите два осминафинални дуели во кои Милан е домаќин на Тотенхем, додека Баерн во Минхен го пречекува ПСЖ. Челзи в среда му гостува на Борусија Дортмунд, додека Клуб Бриж е домаќин на Бенфика. Првите натпревари во рамки на осминафиналето ќе бидат […]

Приведени насилници кои нападнале 39-годишник во Кисела Вода


Полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода Е.Ф. и И.Т. -Постапувајќи по пријава од Ф.Џ.(39), косовски државјанин, според која на 11.02.2023 во 22.30 часот пред и во продавница на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неколку лица, полициските службеници по […]

Данокот на солидарност ќе треба да се плати до 31 мај годинава


  Данокот на солидарност ќе треба да се плати најдоцна до 31 мај годинава. Од оваа давачка Владата очекува да собере 4,7 милијарди денари или околу 76,4 милиони евра, како вонредни буџетски приходи кои ќе бидат наменети за справување со последиците од енергетската и од ковид кризата. Инаку, како основа за оданочување ќе биде профитот […]

Закажано судењето против Жан Митрев


Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението против Жан Митрев и неговата приватна болница  и  го закажа првото судско рочиште на 28 февруари.   -Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. […]