Турскиот град Нурдаг ќе биде срамнет со земја и повторно изграден по земјотресите


 Турскиот град Нурдаг (околу 40.000 жители) во округот Газиантеп, тешко погоден од земјотресите минатата недела, ќе биде целосно урнат и обновен, јавија турски медиуми, цитирајќи го гувернерот на округот Шарнак, Осман Билгин. „Катастрофата е многу голема. Одлуката за градот Нурдаг ја донесовме со нашиот министер за животна средина и урбанистичко планирање Мурат Курум. Целосно го […]

Брнабиќ: Србија е секогаш подготвена за дијалог, но ЗСО мора да се формира


 Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека Србија е секогаш подготвена за дијалог и секогаш ќе биде тука да разговара со Приштина, но дека Заедницата на српските општини мора да се формира и овојпат тоа е заеднички став на Србија и нејзините западни партнери, пред се ЕУ и САД. Одговарајќи на новинарско прашање дали Србија е […]

Николоски истури куп навреди и обвинувања за довчерашниот сојузник Таравари


  Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за реконструкција на владата изнесе куп навреди на сметка на довчерашниот политички партнер  во опозицијата, Алијансата за Албанците, и за нејзиниот лидер Арбен Таравари кој дури го обвини и за корупција. Пред сѐ, тој тврдеше дека Таравари на претходните избори го избојкотирал Зијадин Села за да доживее […]

Нова енергија и крај на приказните за брзи избори: Ковачевски за реконструкцијата


  Две работи се важни со реконструкцијата на Владата за која денеска почна расправа во Собранието: тоа ќе внесе нова енергија и ќе ги заврши приказните за предвремени избори. Премиерот Димитар Ковачевски во говорот објасни дека се создава обединување на политичките сили во проевропски фронт, додека наспроти него останува „ВМРО-ДПМНЕ и неговите инструктори од Левица“, […]

„Глумев со најубавите жени во Холивуд“ – Роберт Вагнер во Аспен прослави 93 години 


САД- Актерот од Hart to Hart, Роберт Вагнер – кој наполни 93 години на 10 февруари – од домот во Аспен, облечен во темносин џемпер на Ралф Лорен, објави видео на Инстаграм за време на викендот, споделувајќи им благодарност на своите фанови што го направија неговиот роденден „екстра посебен“. „Сакам да го одвојам ова време […]

Алтернатива до Ковачевски: Ве спасивме кога бевте во клиничка смрт


Пратеничката Сафије Садики-Шаини од Алтернатива на расправата во Собранието околу новата влада изрази жалење што како партија соработувале со  СДСМ бидејќи ги прекршила  договорите. За министрите и замениците министри од нејзината партија, чии имиња сега се на седница за разрешување, пратеничката рече дека покажале големи резултати. „Имавме политички и кадровски договор. Сите точки од тој […]

Спортистите анонимно им помагаат на Турција и на Сирија по земјотресот


Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) и Детската фондација на УЕФА донираа 200.000 евра за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Ова е само почетна донација, бидејќи УЕФА планира да собере хуманитарна помош во текот на последната недела од Лигата на шампионите во јуни кога ќе се игра финалето на стадионот Ататурк […]

16-месечно дете со хематом на главата и скршеници на градите заврши на Детска хирургија


16- месечното дете кое со тешки телесни повреди вчера било донесено во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, има хематом на главата, скршеници на градите и други повреди по телото. Директорот „Св.Еразмо“, Ацо Велески, за „Макфакс“ вели дека детето е испратено на Детска хирургија во Скопје откако кај  нив му била укажана […]

Фондацијата Метаморфозис потпиша договор со Агенцијата за заштита на лични податоци


Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) и Фондацијата Метаморфозис во петокот потпишаа договор за пренос на едукативна веб-страница, која ќе се развие во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Метаморфозис и Конект, а поддржан од Европската унија. Оваа веб-страница ќе содржи различни видови […]

Странец пронајден паднат во стан, починал во болницата „8 Септември“


Во СВР Скопје вчера во 12 часот било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал 42-годишниот И.Д.К. од Германија, со патна исправа на САД, со престој во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде […]

Почина затвореник во Скопје


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н.(54) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. -Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна лекар констатирал смрт, информира МВР. По наредба на Јавен обвинител, […]

Адеми: Има доволно мнозинство за гласање на Владата


Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми денеска во изјава за медиумите од Собранието тврдеше дека има доволно мнозинство за гласање за реконструкција на Владата. -Секако дека има доволно мнозинство, дури и над она што е потребно за гласање на реконструкцијата на Владата. Тоа суштински значи забрзување на реформските […]

Земјотрес од 5,2 степени ја погоди Романија, се почувствувал во Белград, Ниш…


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, а беше почувствуван и во Србија и Бугарија. По првиот земјотрес, следеше втор со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала. Граѓаните од Ниш, Белград, Зајечар, Пожаревац, Свилајнец, Јагодина, Параќин и Вршац јавуваат дека го почувствувале земјотресот, пренесоа медиумите во Србија. „Во 15 […]

Во Велика Британија се поголем број пабови одат во банкрот поради зголемените трошоци за живот


Зголемени трошоци и пад на продажбата –   кризата со куповната моќ силно ги погодува   британските пабови, при што бројот на банкроти во тој сектор лани скокна за 83 отсто на годишно ниво. Тоа го објави британската сметководствена фирма UHY Hacker Young. „По тешкиот период за време на пандемијата, многу пабови и барови се најдоа со мали заштеди […]

Хаос во Битола – градат бетонска база, па после ќе бараат дозвола од Општината


  БИТОЛА – Градежна фирма од Битола прво гради бетонска база, па вели дека отпосле ќе бара дозвола од општината, оти таков бил законот. Општина Битола потврдува дека бетонската база е дивоградба. „Независен“ стапи во контакт со еден од сопствениците на фирмата „Конкрит компани“ Битола кој тврди дека откако ќе ја изградат бетонската база ќе […]

Пабовите во Велика Британија сѐ почесто ставаат клуч на врата


Зголемени трошоци и пад на продажбата – кризата со куповната моќ силно ги погодува британските пабови, при што бројот на банкроти во тој сектор лани скокна за 83 отсто на годишно ниво. Тоа го објави британската сметководствена фирма UHY Hacker Young. „По тешкиот период за време на пандемијата, многу пабови и барови се најдоа со […]

ФК „Тиверија“ од Струмица слави еден век постоење


Фудбалскиот клуб „Тиверија“ од Струмица денеска одбележува сто години од постоењето. Формиран е во 1921 година, но официјално е регистриран на 13 февруари 1923 година. Како што информираа од Управниот одбор на клубот, донесена е одлука да се формира Организациски одбор за прослава на 100 годишнината од постоењето на клубот, а централната прослава се планира да се одржи кон крајот на мај со […]

Русија изгледа дека загубила цела елитна бригада крај Вухледар во Донецк (Видео)


  Додека Русија ги истражува одбранбените линии на Украина пред очекуваната офанзива, таа можеби изгубила цела бригада од елитната 155-та поморска пешадија додека го напаѓаше Вухледар, град за ископ на јаглен во регионот на Донецк. „Голем број непријателски сили, вклучително и командниот штаб, беа уништени во близина на Вухледар и Маринка во Донецката област“, ​​изјави […]

Исплатени субвенциите за лозарите


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади. Со исплатата се опфатени 14 830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари. -Со оваа исплата почнуваме со континуирана исплата на директните плаќања за поднесените барања за растително и животинско производство, информира Агенцијата. Платежната […]

Маричиќ: Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан


  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил ја поздрави ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ од страна на Собранието со што граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. -Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен […]