Винскиот музеј од Кавадарци ќе го одбележи „Свети Трифун“


Со уметност, музика и дегустација на вино, Винскиот музеј од Кавадарци денеска ќе го одбележи верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.  Директорката на Музејот, Весела Честоева, информира дека ќе бидат доделени и награди за најдобри вина и ракија, натпреварување што го организира Здружението „Винотек” во соработка со Музејот.  […]

Тројца убиени и петмина повредени во пукање во американски универзитетски кампус


Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг. Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. – Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука, рече Крис […]

Собранието треба да ја продолжи дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива


Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и како што синоќа најави и Демократскиот сојуз.   Пратениците во рамки на 104. седница треба да продолжат со расправата по точката за Предлогот за разрешување […]

Без вода дел од Козле и реонот околу Млин Балкан


Без вода денеска ќе бидат делови од скопските насеби Козле и Центар, во реонот околу поликлиниката Идадија (Млин Балкан), информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 147 во населбата Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улиците „Јуриј Гагарин“, […]

Ковачевски: Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС и спогодбите од Отворен Балкан го отвораат патот кон евроинтеграциите


Собранието денеска ратификува клучни закони, кои уште повеќе ќе го отворат патот на државата кон евроинтеграциите, објави вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук. – Со изгласувањето на предложениот Закон за ратификација на Договорот за Фронтекс се ратификува првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија, на кој стои чист македонски јазик, без какви […]

ЦДЦ: Tинејџерките во САД во екстремен бран на тага и насилство


Речиси секоја трета американска средношколка се чувствува тажно или безнадежно, што претставува 60 проценти влошување на менталното здравје во изминатата деценија, според официјалното истражување спроведено од американските власти во 2021 година. Како што јавија американски медиуми, девојчињата биле полоши од момчињата во речиси сите параметри на менталното здравје. Податоците од истражувањето укажуваат на „драматично“ зголемување […]

Бела куќа: Нема индикации дека соборените летечки објекти биле вонземски


  Белата куќа денеска соопшти дека нема индикации вонземски активности поврзани со соборувањето на серија неидентификувани летечки објекти над Северна Америка. „Знам дека има прашања и загриженост за ова. Сепак, повторувам, нема индикации за вонземјани или вонземски активности во врска со тие несреќи“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Во неделата, генерал на американските […]

Украинскиот Јавен сервис емитува програма од засолништа и за време на воздушни напади


Вработените во Јавниот радиодифузен сервис на Украина – Суспилне Украини (СУ) на европската публика и даваат јасни и веродостојни информации за војната во Украина и што е уште поважно, го спречуваат ширењето на пропагандата на Кремљ, лагите за нивните воени дејствија и ги разоткриваат руските воени злосторства, вели првиот човек на СУ, Миколај Чернотицки. – […]

Пронајдено телото на руски генерал, минатиот месец доби отказ


  Генерал-мајорот Владимир Макаров, поранешен заменик на шефот на Центарот за борба против екстремизам на руското министерство за внатрешни работи, пронајден е мртво во селото Голиково во близина на Москва. Иако оваа информација уште не е официјално потврдена, пренесена е бројни медиуми, меѓу кои и државната агенција Тасс. ❗️ Major General Vladimir Makarov, former deputy […]

Приведен млад велешанец, со нож им се заканувал на родителите


Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот А.А., на возраст од 31 година. Како информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, приведениот по кратка расправија, прво со остар предмет упатил закани кон неговите родители, а потоа се заканил дека со бензин ќе ја запали семејната куќа. Лицето било задржано во полициска […]

Поради тензична атмосфера албанскиот парламент ја прекина седницата


По тензичната ситуација, што ја создадоа демократските пратеници од крилото на Сали Бериша, со запоседнување на собраниската говорница, претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола ја прекина седницата. Иште пред да почне претходеше судир меѓу обезбедувањето и исклучените пратеници за недоличното однесување на претходната седница, кои насилно се обидоа да влезат во собранието. Седницата почна со […]

Се случи очекуваното: Демократски сојуз ја напушти Владата


  По подолго време подготвување, Демократскиот сојуза вечерва и официјално реши да ја напушти владината коалиција и да дејствува како опозиција. Уште кога во текот на денот ДС најави дека попладнето (кога почна расправата во Собранието за реконструкцијата на Владата) ќе одржи состанок на Централниот совет, изгледаше сосема сигурно дека партијата на Павле Трајанов ќе […]

Во Турција 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата


Поради последиците од разорните земјотреси што пред една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти  кабинетот на турскиот претседател. Се стравува дека до сега од под урнатините најверојатно се извлечени и последните преживеани. Во понеделникот вечерта 13-годишно момче било живо однесено на носилки од […]

Судот наскоро ќе објави делумен извештај за Трамп


Делови од извештајот на Големата порота во Џорџија за напорите на поранешниот претседател Доналд Трамп да ги оспори изборите во 2020 година треба веднаш да бидат објавени, но секоја препорака за можни кривични пријави засега ќе остане запечатена, изјави денеска државниот судија. Наодите на истражниот совет, кои оттогаш останаа запечатени по завршувањето на конечниот извештај […]

Во Гостивар одбележани четири години од трагедијата кај Ласкарци


На комеморативен собир на градскиот плоштад во Гостивар беше одбележана годишнината од загинувањето на шеснаесет патници кај скопското село Ласкарци и промовиран спомен парк. Покрај членови на семејствата на настраданите на собирот беа и претставници на локалната самоуправа и општинскиот совет. Tие во обраќањата испратија пораки, дека вакви трагедии не треба да се повторуваат и од надлежните […]

УЕФА: Минута молк за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија


Франција– Сите натпревари во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, кои ќе се играат оваа недела, ќе почнат со минута молк за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, соопшти денеска УЕФА. На фудбалските терени ширум Европа ќе биде истакнат комеморативен транспарент со порака „Ние сме заедно со вас“ испишана на турски и арапски […]

Камила на Чарлс по втор пат е позитивна на Ковид


Англија- Според Бакингемската палата, Камила, кралицата придружничка, е позитивна на Ковид-19. Сопругата на кралот Чарлс беше принудена да ја одложи посетата на Вест Мидлендс во вторникот, при што палатата првично соопшти дека таа се заразила со „сезонска болест“. „Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до […]

„Севда“ ја слави љубовната симфонија на целиот Балкан: Интервју со Дијана Имери-Илкоска, диригент


Цел Балкан во една вечер во Филхармонија. Солист на пијано, српскиот пијанист Васил Хаџиманов, ангелскиот глас на босанската ѕвезда Божо Вреќо, најубавите балкански љубовни рефрени, севда и на сцена и во публика. На 16 февруари концерт за Денот на вљубените како Скопје не памти, а зад магичната вечер, во улога на аранжер е  Дијана Имери […]

Премиерот Ковачевски на традиционално закројување на лозје во село Ресава


На 14.02.2023 година (вторник), во 10 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствуваат на специјалниот настан – традиционално закројување на лозје во село Ресава, Oпштина Кавадарци.

Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива продолжува утре на пладне


Во Собранието пратениците попладнево дебатираа по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вечерва беше прекината и ќе продолжи утре на пладне.