Без вода дел од Козле и реонот околу Млин Балкан


Без вода денеска ќе бидат делови од скопските насеби Козле и Центар, во реонот околу поликлиниката Идадија (Млин Балкан), информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 147 во населбата Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улиците „Јуриј Гагарин“, „Козле“, „Кораб“, „Мокра“ и „Струшка“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08.30 часот, па до санирање на дефектот

Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ без број во населбата Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и од улицата „Шумадиска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работите.