Земјотрес од 5,2 степени ја погоди Романија, се почувствувал во Белград, Ниш…


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, а беше почувствуван и во Србија и Бугарија. По првиот земјотрес, следеше втор со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала.

Граѓаните од Ниш, Белград, Зајечар, Пожаревац, Свилајнец, Јагодина, Параќин и Вршац јавуваат дека го почувствувале земјотресот, пренесоа медиумите во Србија.

„Во 15 часот и 58 минути се стресоа зградите, се почувствува земјотрес во Бор“, пишува еден од граѓаните.

„Не стресе земјотрес… покуќнината почна да се поместува…“ сведочеше на Твитер жена од Ниш.

Земјотресот го пријавиле и белграѓани, бил почувствуван во Борча, но и во центарот на градот.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Рунку, во близина на градот Таргу Зију, кој се наоѓа на 50 километри од границата со Србија.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од осум километри.

По 20 минути земјотресот повторно се почувствува во Романија. Овој пат земјотресот бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.