Фудбалската Лига на шампиони продолжува утре со првите осминафинални пресметки


По тримесечна пауза од разврската во групите, утре почнува нокаут фазата во Лигата на шампиони со првите два осминафинални дуели во кои Милан е домаќин на Тотенхем, додека Баерн во Минхен го пречекува ПСЖ.

Челзи в среда му гостува на Борусија Дортмунд, додека Клуб Бриж е домаќин на Бенфика.

Првите натпревари во рамки на осминафиналето ќе бидат комплетирани идната недела кога на програмата се пресметките меѓу Ајнтрахт Франкфурт – Наполи, Ливерпул – Реал Мадрид, Интер – Порто и Лајпциг – Манчестер сити.

Реваншите се на програмата на 7, 8, 14 и 15 март.