Купи порака на платно од Венко Андоновски и помогни на Турција и Сирија


Фото: Б. Грданоски

Во организација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и писателот Венко Андоновски, денеска во просториите на ДПМ се одржа перформанс за прибирање финансиска помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Андоновски, кој е годинашен добитник на наградата „Стале Попов“ за неговиот роман „Папокот на светлината“, на 15 ликовни платна испиша 15 одбрани авторски пораки, кои потоа ќе бидат понудени на хуманитарна аукција на фирми во земјата за донирање средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.  

Фото: Б. Грданоски

– Не е важно колку средства ќе се соберат. Важно е да го направиме она што можеме. Ние ги имаме зборовите, парите за жал се кај другите, рече Андоновски за време на денешниот перформанс.