Во Ерусалим уапсена жена која прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот


Израелската полиција вчера уапси 35-годишна жена, кој прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот во Ерусалим. Жената се соблече во зелен дводелен костим за капење во знак на протест против предлог-законот, со кој секој што ќе се појави пред Ѕидот на плачот во „нескромна облека“ ќе биде и казнет со шестмесечна затворска казна. […]

Колку Ријана ќе заработи од настапот на полувремето на „Супербоулот“?


САД– Шоуто на полувремето на Супер Боул стана еден од најочекуваните моменти во календарот на поп културата, привлекувајќи милиони гледачи (вклучувајќи огромен број нефудбалски фанови) секоја година. Претходните уметници кои настапуваа на концертот вклучија легенди како Брус Спрингстин, Ролинстоунс, Бијонсе, Принс, Дијана Рос и Мајкл Џексон. Ѕвезда на Суперболот годинава беше Ријана, која ги воодушеви […]

Министерството за култура сака да го згасне „Макфест“, реагира градоначалникот на Штип


Министерството за култура од годишниот буџет за тековната година за фестивалот за забавни мелодии издвои само 6.500 евра. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека втора година по ред Министерствoто за култура е со намера да го згасне и уништи најреномираниот фестивал за забавни мелодии „Макфест“.  Според Јорданов, оваа одлука е […]

Пратениците ги изгласаа измените на Кривичниот законик


  Собранието денескаго донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, предложен од Владата.  Изгласан беше и Законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија Пратениците ја усвоија и Одлуката за испраќање […]

Следува период на стабилно и потопло време


Следува период на стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди. Пораст на дневните температури ќе се задржи до крајот на оваа недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2 степени, а максималната ќе се […]

Локалната мафија ги носи трудните Русинки во Аргентина


  Аргентинската миграциска служба се сомнева во локални „мафијашки организации“ дека привлекуваат бремени Русинки во земјата рекламирајќи им породилен туризам. Ова го изјави на Твитер шефот на одделот Флоренсија Карињано. „Мафијашките организации заработуваат пари нудејќи им алатки за добивање аргентински пасош на луѓето кои не сакаат да живеат во нашата земја“, напиша Карињано. Службата за […]

Над 650 пакети со помош собрани во хуманитарната акција на Меѓународниот балкански универзитет и Рамстор


Над 650 пакети со помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција се собрани во рамките на хуманитарната акција што под мотото „Ние сме со народот на Турција“ ја организираа Меѓународниот балкански универзитет во соработка со Рамстор. Во акцијата се собрани илјадници парчиња ќебиња, јоргани, перници, зимски јакни и топла облека, чорапи и обувки за […]

Мицкоски дојде во Собранието да ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието оддржа координативна средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, на која е разговарано за реконструкцијата на владата. На координацијата, како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, било заклучено дека кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3” коалицијата каде, како што […]

Потпишан меморандум за соработка со фондацијата „Метаморфозис“ за работата на Претседателскиот центар за политичко образование


Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ – Скопје денеска потпишаа меморандум за соработка за поддршка на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование. Меморандумот го потпишаа Генералниот секретар на кабинетот, Миле Бошњаковски и извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари. Со потпишаниот меморандум за соработка е […]

Задоцнета поштенска испорака на сметки „фактурира“ камати и процедури


Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им […]

Најмалку 4.815 деца сексуално злоставувани од свештеници во Португалија


Најмалку 4.815 деца биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците на Португалската католичка црква во последните повеќе од 70 години, соопшти денес комисијата задолжена за истражување на сексуалната злоупотреба во Католичката црква. Независниот комитет за проучување на злоупотребата на децата во Католичката црква, формиран од епископите во земјата пред нешто повеќе од една година, […]

Вредноста на извозот на шкотско виски за прв пат надмина 6 милијарди фунти


Поради закрепнувањето по завршувањето на пандемијата Ковид-19, шкотската индустрија на виски забележа значително зголемување на извозот минатата година. Вредноста на извозот на шкотско виски за прв пат надмина шест милијарди фунти минатата година, а азиско-пацифичкиот регион ја замени Европската унија како најголем пазар за продажба, објави Здружението на шкотско виски. Според здружението, извозот на шкотско […]

Во „Комсомолска правда“ се појавија антивоени текстови: издржаа 10 минути


  Прокремљскиот весник „Комсомолска правда“ во саботата на својата веб-страница објави текстови за злосторствата на руската армија во Украина, за нелегалната анексија на Крим и за тортурата на која бил подложен опозиционерот Алексеј Навални. Беа објавени десет материјали, а насловите беа од типот „Крим – Украина. Русија е должна да го врати полуостровот“, „Русија стана […]

Американски сенатор: Размислете за забрана на TikTok во САД


Американскиот сенатор, Чак Шумер, денес најави дека треба да се разгледа предлогот за забрана на социјалната мрежа TikTok во САД. Американските власти изразија загриженост дека Кина би можела да ги искористи домашните закони за да изврши притисок врз TikTok или компанијата која е сопственик на BiteDance да ѝ ги предаде податоците на американските корисници на кинеската влада […]

ВМРО-ДПМНЕ: Левица направи кворум за владина реконструкција


Левица направи кворум за владина реконструкција, го спасува Ковачевски и Ахмети од бламирање, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на оваа партија се вели: Дневниот ред на 103-тата седница е изгласан со 62 гласа, со поддршка од двата пратеника на Левица.Левица гласаше за седницата за владина реконструкција и уште еднаш на дело покажа дека се фолиранти, а […]

Протести во Ерусалим поради реформи на судството


Во Израел денеска се одржуваат масовни протести поради плановите на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го потчини судството на Владата. Според весникот Харец, десетици илјади граѓани се собраа пред Кнесетот во Ерусалим, а лидерите на опозициските партии пред протестот порачаа дека станува збор за вонредна состојба и дека нема „да дозволат уништување на државата Израел“. На […]

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе […]

Слава или смрт во Русија


  Крушат гласини за прикриено натпреварување за наследник на Путин откако неговата освојувачка војна во Украина тргна наопаку. Тоа ни ја разоткрива морбидната патологија на руската политика. Клучните играчи не се организирани партии, туку банди олигарси кои раководат со различни неформални центри на моќ. Ова е причината зошто најефикасната руска единица во Украина, платеничката група […]

Карлос Саура ја доби почесната награда „Гоја“ ден по својата смрт


Шпанија- Шпанската филмска академија му укажа последна почест на покојниот шпански режисер Карлос Саура на доделувањето на наградите „Гоја“ во саботата. Саура, имено, кој почина ден претходно, во петокот, на 91-годишна возраст, требаше да ја прими почесната награда „Гоја“ за животни достигнувања. Нему тоа признание му беше доделено постхумно, а одличјето го прими неговата вдовица […]

На возач му се слошило, излетал од патот, констатирана смрт од Итната помош


Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино. -Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од […]