Протести во Ерусалим поради реформи на судството


Во Израел денеска се одржуваат масовни протести поради плановите на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го потчини судството на Владата.

Според весникот Харец, десетици илјади граѓани се собраа пред Кнесетот во Ерусалим, а лидерите на опозициските партии пред протестот порачаа дека станува збор за вонредна состојба и дека нема „да дозволат уништување на државата Израел“.

На протестот се приклучија и православните Евреи, кои пред Ѕидот на плачот рецитираа молитви за благосостојба на Израел.