Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу


 Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките […]

Дојран доби од Словенија 1.300.000 евра за изградба на пречистителна станица


  Општина Дојран доби од Словенија 1.300.000 евра за изградба на пречистителна станица. Ова го соопшти градоначалникот Анго Ангов, кој потенцира дека заедно со добиените средства од Владата во износ од 135 милиони денари конечно ќе се реши деценискиот проблем со колекторскиот систем и пречистувањето на отпадните води. -Добивме позитивен одговор од страна на Центарот […]

ЕСМ се пофали со нов рекорд на дневно производство на струја, најмногу во последните 10 години


  АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 22.933 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето на АД ЕСМ во последната деценија, благодарение, како што велат, на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата. Како што […]

Германскиот спасувачки тим заминува од Турција


Германскиот меѓународен тим за пребарување и спасување (ИСАР) ја заврши својата мисија во североисточниот дел на турската провинција Хатај, погоден од земјотресот, и денеска треба да се врати во Германија. – Нема да ги заборавиме овие луѓе. Сега испитуваме кои проекти можеме да ги помогнеме многу брзо и одржливо, се наведува во соопштението на ИСАР. […]

Од Караманмараш – градот разурнат од земјотресот – потекнува турскиот сладолед


Турскиот сладолед, што не се топи, а со кој илјадници туристи, сега речиси низ цел свет се забавуваат при неговото сервирање, потекнува од Караманмараш, градот што пред седум дена беше разунат од силниот земјотрес. Во репортажите за овој турски град стои дека илјадници луѓе го посетуваат градот поради неговиот сладолед, што на турски се вика […]

Што лета над Америка и зошто САД ги соборуваат неидентификуваните објекти


  ВАШИНГТОН – Американски борбен авион собори „неидентификуван објект“ над езерото Хурон во неделата по наредба на претседателот Џо Бајден. Тоа беше четврто вакво соборување во последните осум дена и последен воен напад во извонредниот синџир на настани над воздушниот простор на САД за кој претставниците на Пентагон веруваат дека нема мирнодопски преседан. Дел од […]

Зимска економска прогноза: Економијата на ЕУ е подготвена да избегне рецесија, но предизвиците продолжуваат


  Речиси една година откако Русија ја започна воената агресија против Украина, економијата на ЕУ влезе во 2023 година на подобра основа отколку што беше предвидено есента. Зимската привремена прогноза ги зголемува изгледите за раст за оваа година на 0,8 отсто во ЕУ и 0,9 отсто во еврозоната. И двете области сега се поставени за […]

Порака од Алтернатива до Мицкоски: Не излеговме од Владата за да бидеме со ВМРО-ДПМНЕ


  Откако вчера опизицискиот лидер Христијан Мицкоски, „жалеше“ над политичката судбина на Алтернатива бидејќи била избркана од Владата „на клоци“, партијата на Африм Гаши му одговори да не ги злоупотребува настаните и и дека тие не му прават нему ќеиф. „Апелираме до г-динот Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно-политички пресметки со СДСМ. […]

Алтернатива до Мицкоски: Не не злоупотребувај, не излегуваме од Влада за твој ќеиф


Алтернатива бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христиојан Мицкоски , да не ја употребува во својата кампања против власта. -Баранме од господинот  Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно политички пресметки со СДСМ. Ниту пред 12 месеци влеговме, ниту пак сега излегуваме од актуелното владејачко мнозинство за да му расипуваме или правиме нему ќеиф. […]

Заменик-министерот за култура од Алтернатива не е на листата за разрешување


 Заменик-министерот за култура Даим Лучи, кој е избран на предлог на Алтернатива, не е на листата за смена, со оглед на тоа што Ковачевски предложи разрешување на тројцата министри и двајцата заменик-министри од редовите на партијата на Африм Гаши, пишува порталот „360 степени“. Дали отсуството на предлог за разрешување на Лучи може да се смета […]

Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож


Во Петропавловск, град на северот на Казахстан, средношколец повредил тројца ученици со секира и нож. Според регионалниот портал Петропавловск њуз, средношколец, за кој се верува дека е психијатриски пациент, донел секира и нож во училиштето и ги нападнал учениците пред почетокот на наставата, при што повредил две момчиња и едно девојче. Одделот за образование на регионот Северен Казахстан соопшти дека две деца се сместени во детска болница […]

УЈП предупредува граѓаните да не ги отвораат СМС пораките со нивно лого


Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина:Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija. Овој линк е […]

„Лет 3“ ќе пее за Хрватска на Евросонг- осуди и шок од настапот на „Дора“


Хрватска– Од тантела до бомби и мустаќи како Хитлер, евровизиската песна на Хрватска е една од најскандалозните кои ќе ги видиме на Евровизија 2023. „Посакувам Хрватска да има 0 поени на Евровизија“, е само еден од осудувачките коментари. Хрватската група Лет 3 ќе ја претставува Хрватска на Евровизија со песната „Mama ŠČ!“, откако победија на […]

САД ги повикаа Американците веднаш да ја напуштат Русија


САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина и ризикот од произволно апсење или малтретирање од страна на руските агенции за спроведување на законот.   „Американските граѓани кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да заминат“, соопшти американската амбасада во Москва, наведувајќи: „Постапувајте со зголемена претпазливост поради […]

„Ју -Ту“ со приватен концерт во Лас Вегас- за прв пат од 2019


САД– U2 се враќаат на концертната сцена подоцна оваа година, за прв пат од 2019 година, но без еден од оригиналниот квартет, бидејќи тапанарот Лери Мулен Џуниор е на листата на повредени. Бендот навести неговото повторно појавување на најголемата можна сцена – во реклама што се емитуваше за време на Супер Боул во неделата – […]

Токсичните актери на политичката сцена во Бугарија


По неуспехот на четириесет и осмото Народно собрание (10 октомври 2022 година– 2 февруари 2023 година) да избере влада, Бугарија сега се движи во насока на нови предвремени парламентарни избори предвидени за април 2023 година. Тоа ќе бидат петти по ред избори во период од две години. Во таа смисла, странските аналитичари истакнаа дека „кризата“ е „новиот […]

Највпечатливи креации на „Brit Awards 2023“ (фото)


Англија– Лондонската О2 арена викендов ги собра најдобрите од музичката британска сцена, на традиционалното годишно доделување на  музички награди – Brit Awards. Што се однесува до црвениот килим, видовме различни стилови и замисли за тоа како треба да се дојде на ваква манифестација – од бизарни до елегантни.  

Ивановски напредува на АТП листата, прв пат меѓу најдобрите 500 тенисери


 Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери. Младиот 18-годишен Ивановски на најновата ранг-листа е позициониран на 494 место, напредувајќи за десет места во однос на претходното рангирање. Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс турнири во Тунис, на кои два пати дојде до […]

Марко Манџони ќе ја претставува Италија на Евросонг: Ова е победничката песна на Санремо (видео)


Италија- Заврши 74. издание на Санремо, еден од најстарите музички фестивали, а Италија го избра својот претставник на овогодинешната Евровизија во Ливерпул. По 28 песни претставени на Санремо, петте изведувачи со најголем број гласови се пласираа во суперфиналето. Триумфираше Марко Менџони со песната „Due vite“. Тој беше фаворит за победа на Санремо од самиот почеток. […]

Канзас Сити со неверојатен пресврт триумфираше во 57. Супербоул


Канзас Сити ја освои титулата во американската професионална НФЛ лига, триумфирајќи синоќа во 57. издание на Супербоул, а до својата втора титула во последните четири години дојде со голем пресврт во второ полувреме и тесна победа над Филаделфија Иглс од 38-35 на стадионот „Стејт Фарм“ во Глендејл предводен од нивниот најдобар играч сезонава Патрик Махоунс. […]