Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож


Во Петропавловск, град на северот на Казахстан, средношколец повредил тројца ученици со секира и нож.

Според регионалниот портал Петропавловск њуз, средношколец, за кој се верува дека е психијатриски пациент, донел секира и нож во училиштето и ги нападнал учениците пред почетокот на наставата, при што повредил две момчиња и едно девојче.

Одделот за образование на регионот Северен Казахстан соопшти дека две деца се сместени во детска болница со убодни рани во пределот на главата и подлактицата, а третото дете добило медицинска помош на училиште.

Малолетникот е задржан во полиција, а против него е покрената преткривична истрага за „убиство во обид“. Според првичните податоци се работи за психијатриски пациент. Се утврдуваат и други околности на случајот.