На Германија ѝ фалат 400.000 работници годишно, Баварија ќе отвори посебна канцеларија за Балканот


 

Германија сѐ повеже има проблем со недостиг на работна сила, па баварија отвори своевидно натпреварување меѓу сојузните покраини со својата одлука да отвори посебна канцеларија за увоз на работна сила од Балканот.

Со сопствени вработени и новооснована канцеларија, Баварија сака да го олесни заминувањето на потенцијалните негуватели и други работници од Балканот.

На Баварија особено ѝ фалат медицински сестри

„Во Албанија наскоро ќе отвориме сопствена канцеларија преку Здружението на баварското стопанство. Сакаме да бидеме присутни за инвеститорите и истовремено да доведеме медицински персонал и стручњаци во Баварија – многу побрзо откаколку она што може да го направи амбасадата во моментов3, вели баварскиот премиер Маркус Содер за новинската агенција.

„Посебно бараме итно потребни стручњаци и се ображаме до амбасадата кога да почнат со работа“, објасни Содер, кој нааведе дека за работниците од Балканот ќе биде забрзана процедувара за влез во Германија односно Баварија.

Баварскиот премиер денеска е во посета на Романија, а потоа заминува за Тирана.

Баварија се залага Романија да влезе во шенгенскиот простор без гранични контроли и Албанија да стане членка на ЕУ.

Според Содер, новите врски со Блаканот се вклопуваат во баварската стратегија за соседство и партнерство. Баварија веќе има блиски врски со Австрија, Чешка, Хрватска, Бугарија и со Грција.

„Баварија сака да пронајде нови партнери затоа што сојузната влада за жал ја занемарува југоисточна Европа“, додава Содер.

На Германија годишно ѝ требаат најмалку 400 илјади нови работници

Заднината на патувањето ан Содер на Балканот е недостигот на добро обучени работници во Баварија – посебно кога станува збор за медицински сестри. „Ние посебно бараме истно потребни стручњаци“, рече Содер кој го критикуваше спорото издавање работни визи.

Германската сојузна агенција за вработување предвидува дека потребни се најмалку 400.000 нето увезени доселеници годишно, за потенцијалнот на работна сила во Германија да се одржи константно.