Џон Вилијамс испиша историја на Оскарите како најстар номиниран


САД- Оскаровецот Џон Вилијамс испиша историја на Оскарите во вторникот кога доби номинација за најдобра музика за филмот на  Стивен Спилберг „The Fabelmans“. Со 90 години, Вилијамс сега е најстарата личност која е номинирана за најпрестижната филмска награда, рекорд што претходно го држеа три лица кои беа номинирани на 89 години: костимографката Ен Рот за […]

Османи повторно ги негира тврдењата на ДКСК за злоупотреба на службени возила


Министерот за надворешни работи Бујар османи останува на тврдењето дека не биле откриени злоупотреби на службени возила во МНР за време на изборната кампања. -Дозволете уште еднаш да потврдиме дека во Конечниот извештај за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во МНР за период од 1.8.2021 до 31.10.2021 година не се […]

Стивен Спилберг номиниран за Оскар за најдобар режисер во 6 различни децении


САД- Стивен Спилберг го зацврстува тронот во Холивуд. Откако неговата номинација за режија на „West Side Story“ во 2022 година го направи првиот човек кој добил номинации за најдобар режисер во шест различни децении, 76-годишниот холивудски ветеран е ненадминлив со новиот филм  The Fabelmans. Покрај номинациите за најдобар режисер, The Fabelmans – полуавтобиографската драма на […]

Верфициран мандатот на новата пратеничка Даниела Стојановска – Пановска


 Професорката во средно училиште Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ е нова пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, чиј мандат и беше верифициран на денешното продолжение на 99-та пленарна седница. Стојановска – Пановска, која беше следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван […]

Номинации за Оскар 2023: Кој доби, а кој изненади?


САД- Секоја година, првото забележливо нешто што треба да се разговара по објавувањето на номинациите за Оскар е кој доби, а кој изненади според гласачкото тело на Академијата за филмски уметности и науки. Денес, Академијата ги објави номинациите за својата 95-та церемонија на доделување награди – и има многу да се зборува како и секогаш. […]

Скок на цените: Унгарците одат преку граница за да полнат поевтин бензин


  Цените на бензините во Унгарија пораснаа откако владата го укина ограничувањето на цената на горивото и ги зголеми акцизите во декември, што поттикна многу возачи да полнат поевтино гориво во соседните земји како Словачка или Романија, пишува Ројтерс. Преку Дунав на локалната бензинска пумпа во Штурово, Словачка, за време на викендот дизелот чинеше 1.619 […]

Грковска подготви упатство што мора да објавуваат државните институции за јавноста


Владата ја прифати  иницијативата на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, институциите од јавниот сектор да го зголемат обемот на информации од јавен карактер што ги објавуваат на своите веб-страници, со што значајно ќе се унапреди транспарентноста и отчетноста на институциите. Кабинетот на вицепремиерката Грковска подготви упатство за подобрување на транспарентноста на […]

Тревога во Шпанија – уште шест жени убиени во семејно насилство


  Шпанската влада свика втор итен состанок на експерти за семејно насилство за помалку од еден месец по убиствата на шест жени и една млада девојка од почетокот на јануари и разгледува план да ги извести злоставуваните жени дали нивните партнери биле осудени за насилни дела. Кризниот комитет последен пат беше составен по убиствата на […]

Кој ќе ја советува Костадиновска Стојчевска?


Во просториите на Министерството за култура на 23 јануари се одржала конститутивна седница на Советот за култура, кој ќе има советодавна функција во однос на работата на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Беговска, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, […]

„Жени во Собрание“ во Театар Комедија на 27 и 28 јануари


Претставата „Жени во Собрание“ е првата на репертоарот на Театар Комедија за оваа година и ќе биде изведена на 27 и 28 јануари, како и на 1 и 2 февруари. Станува збор за  комедија работена според истоимениот текст на античкиот комедиограф Аристофан, во режија на Ќендрим Ријани. На 4 февруари ќе биде изведена комедијата „Женска […]

Либанскиот државен обвинител обвинет во случајот со експлозијата во пристаништето во Бејрут


  Судијата Тарек Битар, кој ја истражува експлозијата во пристаништето во Бејрут, во 2020 година, денеска продолжи да ги предизвикува либанските власти покренувајќи обвинение против главниот обвинител во земјата, само еден ден откако обвини двајца влијателни шефови на безбедносните служби. Покрај огромниот политички притисок на кој е изложен, истражниот судија, по пауза од една година […]

(Во живо) Номинации за Оскар 2023


Американската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави номинациите за престижните „Оскари“. Добитникот на Оскар Риз Ахмед и ѕвездата на M3gan Алисон Вилијамс ќе ги соопштат номинираните. Одличјето е претставено со позлатена статуетка во облик на човек, изработена од британиум, со црна метална основа, а висока 34 сантиметри и […]

Тренчевска: Со антикризните мерки овозможивме поголем приход на граѓаните за полесно справување со кризата


  Изминатата 2022 година беа креирани неколку антикризни пакети, како поддршка на најранливите категории граѓани во време на економска и енергетска криза и во таа насока беше исплатена финансиска помош од по 3.000 денари за околу 330 илјади пензионери за три месеци, а ваква помош од 3.000 денари добија и околу 36 илјади корисници на […]

„Ангел си ти“ – музичко-сценски настан во Крушево за 42-от роденден на Тоше


Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ утре во Спомен-домот „Тодор Проески“  на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески. Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од […]

Зеленски разреши шестмина високи функционери по корупцискиот скандал


  Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разреши шестмина високи функционери по објавувањето на истражувачката новинарска сторија за корупцијата во власта. Кирил Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на претседателот, ја загуби функцијата, кој самиот напиша писмо со оставка. Тој беше одговорен за обновувањето на териториите уништени од Русија за време на војната, а пред воениот конфликт ја […]

Бруталните тактики на Вагнер во Украина откриени во разузнавачки извештај


Платениците на групата Вагнер станаа пешадија за еднократна употреба на руската офанзива во источна Украина, но документот на украинската воена разузнавачка служба доставен од Си-Ен-Ен покажува колку ефикасни биле тие околу градот Бахмут – и колку е тешко да се борат против нив. Линк до целиот текст тука

„Форд“ ќе укине 3.200 работни места во Европа


  Американската автомобилска компанија „Форд мотор“ планира да укине 3.200 работни места во Европа и дел од производството да префрли во САД, објави германскиот синдикат ИГ Метал. Компанијата планира да отпушти до 2.500 работници во одделот за развој на производи и до 700 во администрацијата, а поголемиот број работници што ќе добијат отказ ќе бидат во Германија. […]

Забелешките на законот за работни односи се во делот на колективните договори и договорите на определено време, вели Тренчевска


  Најголем дел од забелешките за Законот за работни односи се во делот на колективните договори, но и на договорите за определено време иако за важноста на договорите за определено време сме усогласени, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Верува дека до крајот на одржувањето на јавните расправи целосно ќе ги […]

Зои Салдана е прва актерка која глуми во четири од шесте филма со најголема заработка


САД- Филмот „Аватар 2: Патот на водата“ влезе во филмската историја, заземајќи го засега шестото место на листата филмови со најголема заработка на сите времиња. „Патот на водата“ се појави во кината 13 години по првиот дел, а со буџет од околу 460 милиони долари се смета за еден од најскапите на сите времиња. Новото […]

Бугарски историчар: Имињата на клубовите се малку провокативни


Бугарскиот историчар Христо Матанов во интервју за БНР рече дека не му се допаднала воопшто посетата на македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во Софија бидејќи ја искористил за да порача дека Бугарите се незначително малцинство во Северна Македонија и дека Бугарија треба да престане со провокациите. „Имињата на клубовите навистина се малку провокативни, но […]