Номинации за Оскар 2023: Кој доби, а кој изненади?


САД- Секоја година, првото забележливо нешто што треба да се разговара по објавувањето на номинациите за Оскар е кој доби, а кој изненади според гласачкото тело на Академијата за филмски уметности и науки. Денес, Академијата ги објави номинациите за својата 95-та церемонија на доделување награди – и има многу да се зборува како и секогаш.

Независниот научно-фантастичен хит „Сè секаде одеднаш“ доби 11 номинации за Оскар, чие 95. доделување ќе се одржи на 13 март во Лос Анџелес.

Покрај него, номинација за најдобар филм добија и „Тажачките од Инишерин“, „На западот ништо ново“, „Аватар: Патот на водата“, „Елвис“, „Фабелманови“, „Тар“, „Топ ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“ и „Жени зборуваат“.

Кејт Бланшет („Тар“), Ана де Армас („Русокоса“), Андреа Рајсборо („За Лесли“), Мишел Вилијамс („Фабелманови“) и Мишел Јео („Сè секаде одеднаш“) се номинирани за најдобра актерка, а за Оскарот за најдобар актер ќе се борат Остин Батлер („Елвис“), Колин Фарел („Тажачките од Инишерин“), Брендан Фрејзер („Кит“), Пол Мескал („Aftersun“) и Бил Нај („Живеење“).

За најдобар режисер конкурираат Мартин Мекдона за „Тажачките од Инишерин“, Даниел Кван и Даниел Шајнерт за „Сè секаде одеднаш“, Стивен Спилберг за „Фабелманови“, Тод Филд за „Тар“ и Рубен Естлунд за „Триаголник на тагата“.

За најдобра споредна женска улога номинирани се Анџела Басет („Блек Пантер: Ваканда засекогаш“), Хонг Чау („Кит“), Кери Кондон („Тажачките од Инишерин“), Џејми Ли Кертис и Стефани Хсу („Сè секаде одеднаш“), а кај мажите Брендан Глисон, Бери Кјоуген („Тажачките од Инишерин“), Брајан Тајри Хенри („Causeaway“), Џуд Хирш („Фабелманови“) и Ке Хуј Кван („Сè секаде одеднаш“).

Во конкуренција за најдобар странски филм се „На западот ништо ново“ (Германија), „Аргентина, 1985“ (Аргентина), „Блиску“ (Белгија), „Тивката девојка“ (Ирска) и „ЕО“ (Полска).

 

Еве ја целата листа на номинирани за Оскар