Шведска го презема претседателството со Советот на ЕУ


  Безбедноста, отпорноста, просперитетот и демократските вредности и владеењето на правото ќе бидат четирите приоритети на Шведска која од денеска претседава со Советот на Европската Унија. Шведската Влада претходно објави дека овие приоритети ги одразуваат позициите што Шведска традиционално ги претставува во Европската Унија, но дека се во согласност и со актуелните геополитички и економски […]

При претрес во Влае пронајдена дрога


  При претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае вчера се пронајдени две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, информира Министерството за внатрени работи. Претходно Љ.Г. е лишен од […]

Ковачевски: За да направиме повеќе и подобро, ни треба поддршка од граѓаните


  Знам дека предизвиците со кои се среќаваме создаваат недоверба. За оваа година дадов сѐ од себе, најмногу што може да се направи во вакви услови на криза. За да направиме повеќе и подобро, мене и на владата ни треба поддршка од граѓаните, порачува премиерот Димитар Ковачевски во новогодишно интервју за „Фокус“. Изминатата година, наведува […]

Маглата го отежнува авиосообраќајот во Скопје, намалена видливост на неколку патни правци


Поради маглата во Скопската котлина дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб страницата на аеродромот. Покрај во Скопје појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека е намалена […]

1 јануари во историјата – Револуцијата на Кастро ја презеде власта на Куба


  На 1 јануари 1959 година, соочувајќи се со народната револуција предводена од Движењето 26 јули на Фидел Кастро, кубанскиот диктатор Фулхенсио Батиста побегна од островската држава. Среде славење и хаос во кубанскиот главен град Хавана, САД дебатираа како најдобро да се справат со радикалниот Кастро и застрашувачките татнеж на антиамериканизмот во Куба. Владата на […]

Најстудено во Берово, Прилеп и Струмица


Најстудено изутрина е во Берово каде се измерени -5 степени, по што следат со -4 Прилеп, -3 Струмица и  Виница, -2 Битола и  -1 Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе. Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во  Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, […]

Какви давачки не очекуваат годинава: нема прогресивен данок, можен е данок на екстра профит


  Од 1 јануари не важи одредбата од Законот за личен доход со која се предвидуваше прогресивно оданочување, а нема да се оданочуваат ниту каматите на орочените депозити. Владата ги укина овие одредби од Законот за личен доход кој помина во Собрание. Оданочувањето на каматите на орочените депозити се одлага до влезот на земјата во […]

„Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли најбарана книга за 2022 година во „Матица“


  „Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли е најбараната книга за 2022 година, изјави Александра Костовска, која 18 години е дел од тимот на издавачката куќа „Матица“. – Оваа семејна сага е најпродавана книга годинава. По неа следува трилерот „Последниот преживеан“ од Тес Геритсен. На трето место е „Клетва“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, најпознатата српска авторка […]

Магла на патните правци Тетово-Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес


Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од […]

Во текот на целата 2022 година имавме непречено снабдување со електрична и со топлинска енергија


  Во 2022 година домашното производство на електрична енергија беше зголемено за 27 отсто, а за 2023 година се најавува дополнително зголемување за нови 20 отсто. Сите капацитети на АД ЕСМ се во функција со исклучок на Блок 3 во РЕК Битола каде е во завршна фаза монтажата на трансформаторот по што ќе биде вклучен […]

Северна Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ


  Северна Македонија од денеска го презема претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална безбедносна организација во која членуваат 57 земји и 11 медитерански и азиски земји-партнери на Организацијата. Претседавањето се случува во време кога светот повторно се соочува со најголемиот предизвик – руската воена агресија во Украина, која претставува флагрантно кршење на Повелбата на ОН, […]

Некои прејадени, некои гладни – третина од храната се фрла


  Глобалните климатски промени, економските проблеми, политичката нестабилност, епидемиите и конфликтите ја заострија кризата со храна ширум светот, отежнувајќи го пристапот до прехранбени продукти за стотици милиони луѓе. Војната во Украина и блокадата на извозот на жито го влоши проблемот со гладта во светот, покрај локалните воени конфликти, големите суши, прекумерното трошење на ресурсите, негрижата […]

Единаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров


  Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. По повод годишнината од смртта на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Марија Георгиевска, Љатифе Шиковска и Тони Јаревски, ќе положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште на […]

Претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат


Во најголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне […]

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, […]

Во Битола првото бебе во новата година е чупе


Болница „Плодност“ информираше дека првото новородено бебе во болницата е девојче. Го имаме и првото новороденче во 2023 година, кое на свет дојде во 00.01 часот. Женско, со тежина од 3.360 грама и должина 50 сантиметри. Честитки до среќните родители. Вечерва очекуваме уште едно новороденче. Среќна и бериќетна нека ни е Новата 2023 година.

(Видео) Потона сплав во Белград


Вечерва на новогодишната прослава на сплавот „Фристајлер“ во Белград се случил инцидент, а на местото се испратени две екипи на итната помош, потврдија за порталот Нова.рс. Nakon odbrojavanja Freestyler je evakuisan pic.twitter.com/zqUFRszi06 — Kalabaster (@KalabasterJak) January 1, 2023 Како што пренесуваат дел од белградските медиуми, сплавот потонал, а гостите панично почнале да бегаат надвор. Само […]

Прво, па машко во Новата 2023 година


Во Новата 2023 година, првото бебе е машко, родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Мајката е 22-годишната Стојанка Панајотова од Кочанско, Соколарци. Бебето е родено една минута по полноќ, со 3.720 родилна тежина и 51 сантиметри должина. Тоа е нејзино прво дете,  а од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и […]