При претрес во Влае пронајдена дрога


 

При претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае вчера се пронајдени две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, информира Министерството за внатрени работи.

Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели за новогодишната ноќ, велат од МВР.