Почнува Светското клупско првенство во фудбал


  Мароко од утре до 11 февруари првпат во својата историја ќе биде домаќин на Светското клупско првенство, на кое ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања – Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд, Ал Ахли и Ал Хилал. Клупското СП ќе биде отворено со дуелот меѓу Ал Ахли и Оукленд, а победникот […]

Кина, Турција и ОАЕ се приклучија на санкциите против руските банки


  Земјите кои Русија ги смета за „пријателски“, спротивно на очекувањата, целосно се приклучија на западните санкции против руските банки. Ова на конференцијата на рускиот весник „Комерсант“ во вторникот го соопшти потпретседателот на Росбанк, Александар Рахманин. Според него, „колегите“ од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати, па дури и постсоветските републики, вклучувајќи ги Казахстан, Узбекистан, Киргистан […]

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижниот француски медал „Витез од редот за заслуги“


На ректорот на УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција. Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство […]

Архитектката Зорица Блажевска ја прими наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело


Архитектката и професорка Зорица Блажевска синоќа ја прими наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2022. Наградата ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), а на свеченоста во Галеријата на МАНУ, наградата на Блажевска ѝ ја врачи претседателот на Асоцијацијата, архитектот и […]

Грковска на безбедносен форум во Вашингтон: Реформите ќе го обезбедат мирот и напредокот


  Воената агресија на Русија врз Украина ни докажа дека мирот не може и не смее да се зема здраво за готово и дека меѓународниот поредок, независно од тоа што се темели на општоприфатени правила се соочува со сериозни предизвици. Случувањата последнава година се потсетување и предупредување дека не секој цели кон мир, порача вицепремиерката […]

Масовни протести во Франција против пензиските реформи


Околу 87.000 луѓе се собраа денеска во Париз на протест против пензиската реформа, соопшти полицијата, а синдикатот ЦГТ, еден од организаторите на состанокот, објави дека има повеќе од 500.000 граѓани.   Полицијата сè уште не даде проценка за бројот на луѓе на протестите низ целата земја, додека ЦТГ вели дека 2,8 милиони демонстранти учествувале низ […]

Борел го осуди инцидентот во Охрид и изјавите на националистичките политичари


  Високиот преставик за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го осуди инцидентот со нападот во Охрид, истакнувајќи дека се неприфатливи изјавите кои ги даваат некои националистички политичари. Тој за време на денешната средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази уверување дека одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред правдата. […]

САД додадоа во списокот санкции седум ирански компании за производство на дронови 


САД– САД додадоа седум ирански ентитети во својот список санкции кои се поврзани со производството на дронови што Русија ги користи во своите удари во Украина, соопшти  американското Министерство за трговија.  Меѓу оние во американскиот „црн“ список на ирански организации се структури поврзани со разработка и производство на мотори за авиони, воено-космичките сили на Корпусот […]

Центарот за обука на пилоти на АРМ станува официјален НАТО центар


Армискиот Сквадрон за обука и тренинг, попознат како Центар за обука на пилоти, од денеска се приклучи на центрите за обука на пилоти во Чешка и во Италија како официјален НАТО центар кој е дел од структурата за летачка обука на Алијансата во Европа, соопшти Министерството за одбрана. „Со приклучувањето на овој Центар во НАТО […]

АТП не најде докази против Зверев за семејно насилство


Англија– Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) соопшти денеска дека нема доволно докази за казнување на германскиот тенисер Александр Зверев за семејно насилство. Зверев, кој неодамна беше втор тенисер во светот, а во моментов е рангиран на 14. место на АТП листата, беше обвинет од својата поранешна девојка за физичко злоставување. АТП во есента 2021 година отвори независна […]

Сопругата на Дани Алвеш побара развод


Шпанија- Сопругата на брзилскиот фудбалер Дани АЛвеш, Јоана Санз, поднесе документи за равод откако нејзиниот сопруг беше обвинет за сексуален напад. Наводниот напад се случил во ноќен клуб „Sutton“ во Барселона на 30 декември 2022 година, а Алвеш е уапсен на 20 јануари. Во моментот е во притвор без можност за кауција, но се обидува […]

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана


Масовната имиграција ја намалува работната сила и долгорочно може да влијае на економскиот раст на земјата.   Загриженоста, како што јави Топ чанел,  ја изнесол гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, при  презентацијата на Извештајот за транзиција за периодот 2022-2023 година, подготвен од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР).   – Како земја […]

Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре израелско-палестинското насилство


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е „тажен“ поради смртта на „невините Палестинци“ во израелско-палестинското насилство, за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег.  „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага за смртта на невините палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во последната […]

„Еуроњуз“: САД го блокираат влезот на Косово во СЕ до промена на ставот за ЗСО


 Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО). „Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, […]

Франција ќе и испорача на Украина уште 12 самоодни хаубици „Цезар“


Франција на Украина ќе и испорача уште 12 самоодни хаубици „Цезар“, најави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастијан Лекорну, по средбата во Париз со украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников. Франција ќе испрати и 150 француски старешини во Полска, каде што е предвидено во рок од еден месец да обучат до 600 украински војници. […]

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија


Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проекти е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […]

Дебата „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни“


  „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни“ беше тема на дебатата што се одржа денеска во просториите на „Europe House“ во Скопје, како прва од дискусиите во рамките на Европската година на вештините. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето излагање денеска најави дека 2023 ќе […]

Пенов: Општините бараат државни пари, а сопствените ресурси не ги користат


  Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска рече дека војната во Украина многу сериозно ги погодила општините во земјава и им ги зголемила трошоците. Според него, за првите девет месеци минатата година трошоците за енергија на општините се зголемиле за една милијарда денари. -Општините тој трошок се обиделе да го надоместат со намалување на […]

Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот. Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а […]

Рекордна посетеност годинава на Австралија опен


Австралија – Првиот тениски грен – слем сезонава Австралија опен, кој заврши со победи на Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, донесе рекордна посетеност со повеќе од 900.000 гледачи, објавија организаторите на турнирот во Мелбурн. И покрај отсуството на неколку познати тенисери и честите прекини на распоредот, поради дождливото време, тениските натпревари на „Мелбурн Парк“ ги следеле […]