Вигенин од БСП побара македонските политичари да даваат воздржани изјави


  Потпретседателот на бугарското Собрание и втор човек на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Кристијан Вигенин денеска ги повика македонските власти и партиите да се воздржеле од изјави кои не водат кон решавање на проблемите меѓу двете земји. „Ги повикуваме властите во Северна Македонија, како и водечките политичари и партии, да се воздржат од изјави и […]

Доделени решенија на 34 општини за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште


Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот […]

Презентирани повиците од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура, краен рок за аплицирање е 23 февруари


Информативна сесија за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура се одржа денеска во Музејот на Македонска борба во Скопје, на која заинтересираните апликанти можеа да слушнат нешто повеќе околу тековните повици. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори. За време на сесијата, Билјана Прентоска од Министерство за култура […]

Ампева: Прва победа и пресуда за „Намерно предизвикување на стечај“ во текстилниот сектор


  Штипскиот Основен суд пресуди дека управител на штипската конфекција „Алкон текс“ сторил кривично дело „Намерно предизвикување на стечај“, соопшти на денешната прес-конференција претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева. Пресудата доаѓа две години од протестите на над 30 текстилни работнички и собирање на докази за овој случај. Ампева посочи дека ова е прва ваква победа […]

Крводарителска акција за роденденот на Тоше утре во Дом на АРМ


 Во холот на Дом на АРМ утре од 9 до 17 часот по 19-ти пат ќе се реализира крводарителска акција на денот на раѓањето на Тоше Проески (1981-2007). – Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ќе ја организираат […]

Истрага за убиство во Богомила


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донел наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело „убиство“. Осомничениот, како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. -Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и […]

РЕК „Битола“: Нема дефект на Блок 1


  Во РЕК „Битола“ нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките, истакнуваат од АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“ во демантот на информациите што во јавноста ги пласира ВМРО – ДПМНЕ. – Блок 1 на РЕК „Битола“ е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции […]

Истражување: Антидепресивите предизвикуваат бесчувствителност


Антидепресивите предизвикуваат „емоционална бесчувствителност“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и нивните можни несакани ефекти. Трудот посочува дека самите лекови (и тоа од оние што се најкористени) може да предизвикаат „отапеност“ на емоциите кај човек. – Овие лекови одземаат дел од емоционалната болка кај луѓето со депресија, но […]

Ангелоски: Македонските компании да добијат шанса за инвестирање


  Македонските компании треба да добијат шанса за инвестирање со тоа што целокупниот државен апарат ќе ги обезбеди потребните инфраструктурни и процедурални услови, а постапките ќе ги направи брзи и ефикасни, истакна Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во дебатата на емисијата „24 Анализа“. „Домашната економија треба да ја изградиме на […]

Жан Митрев бара странските амбасади активно да го следат процесот на ОЈО против него


 Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писмо до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во земјава со кое ги информираат за текот на истрагата на Основното јавно обвинителство во случајот против нив, повикувајќи ги внимателно да ја следата целата истражна постапка. – Ви се обраќам со […]

Кој гласа за Оскарите?


САД- Наградите на Академијата се изгласани од Академијата за филмски уметности и науки, огромна група професионалци од индустријата со вкупно повеќе од 10.000 членови, со речиси 9.500 право на глас. Ова е речиси 65% зголемување во однос на пријавениот вкупно членство со гласање пред една деценија, делумно благодарение на иницијативите на Академијата да покани повеќе […]

Бијонсе на концертот во Дубаи носеше дијамантски накит вреден 7 милиони долари


ОАЕ– Бијонсе докажа дека е кралица на  накит од висок профил. Поп-ѕвездата настапи на свеченото отворање на Atlantis The Royal во Дубаи во саботата, носејќи накит вреден  7,5 милиони долари од Лорејн Шварц. Наводно, блескавото ново луксузно одморалиште ѝ плати на пејачката 24 милиони долари за приватен концерт во чест на отворањето на луксузниот хотел […]

Пола милион луѓе умираат предвреме од храна со незаситени масти годишно, вели СЗО


Светската здравствена организација (СЗО) повикува на целосна елиминација на трансмастите – вештачка токсична хемикалија која вообичаено се наоѓа во пакуваната храна, печиво, масла за готвење и намази, која е одговорна за половина милион предвремени смртни случаи секоја година. СЗО објави дека 5 милијарди луѓе се изложени на овој токсичен производ, што го зголемува ризикот од […]

Рибакина против Азаренка во првото полуфинале на женскиот АО


Австралија– Елена Рибакина од Казахстан и Викторија Азаренка од Белорусија ја сочинуваат првата полуфинална двојка на женскиот дел од Грен слемот Австралија опен. Ова е епилогот по денешните четвртфинални мечеви во кои Рибакина ја совлада Јелена Остапенко со 6:2 и 6:4, додека Азаренка беше поуспешна од американската тенисерка  Џесика Пегула со 6:4 и 6:1. Другите две […]

Во три одделни сообраќајки, прегазени се двајца сопружници, велосипедистка и момче


  Во три одделни сообраќајни незгоди во Струга, Скопје и во Куманово, со возила биле удрени постари сопружници, една велосипедистка и младо момче. Во 19.30 часот, во понеделникот, во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од […]

„Аватар 2“ шести на листата филмови со најголема заработка на светот


  САД– Филмот „Аватар 2: Патот на водата“ влезе во филмската историја, заземајќи го засега шестото место на листата филмови со најголема заработка на сите времиња. „Патот на водата“ се појави во кината 13 години по првиот дел, а со буџет од околу 460 милиони долари се смета за еден од најскапите на сите времиња. Новото […]

Србија ја продолжува политиката на Слободан Милошевиќ


Во Србија има луѓе на власт и на јавната сцена кои имаат голема врска со војната. Или беа министри во неговите влади и креатори на закони, или беа негови портпароли. За мене, ориентацијата на Србија кон Европа е прилично неуверлива. Мислам дека тоа е само реторика и дека Србија сè уште е суштински ориентирана кон […]

Роднини на настраданите во Ласкарци побараа Судот што поскоро да донесе пресуда


Супервештачењето што го чекавме повеќе од една година и фактот што денеска не се појавија вештаците, повторно ни создава сомнеж дека овој судски процес не оди во насока да се избегнат секирањата и да се заборави, и со тоа да се даде можност вистината и правдата да излезат на виделина, изјави Синиша Ристовски, брат на […]

Расте бројот жртви на студеното време во Авганистан


 Бројот жртви како последица на студеното време во Авганистан расте, со регистрирани 120 починати за две седмици, изјави синоќа официјален претставник на авганистанските власти. Шафиула Рахими, портпаролот на Националната управа за управување со катастрофи на земјата, изјави за ДПА дека повеќе од 50 куќи се целосно или делумно уништени, а од студот угинале 70 илјади […]

Николовски: Апликантите да ги подготват своите проекти за ИПАРД 3, повиците следуваат наскоро


Со новата ИПАРД 3 програма имаме зголемување на европските средства за 62%, односно 97 милиони евра неповратни средства. Ги повикувам сите апликанти да ги подготвуваат своите проекти, повиците следуваат наскоро, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Линк до целиот текст тука