Во три одделни сообраќајки, прегазени се двајца сопружници, велосипедистка и момче


 

Во три одделни сообраќајни незгоди во Струга, Скопје и во Куманово, со возила биле удрени постари сопружници, една велосипедистка и младо момче.

Во 19.30 часот, во понеделникот, во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од струшкото село Франгово, удрило во пешаците Т.Ш,(64) и В.Ш.(60), двајцата од Струга. Во несреќата, Т.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.Ш. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Истиот ден, во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Киро Глигоров“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Л.К.(42) од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 19.45 часот во СВР Куманово пак, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Трст“ во Куманово, патничко моторно возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(57) од Куманово, удрило во пешакот А.М.(25) од Куманово. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.