Кој ќе ја советува Костадиновска Стојчевска?

Во просториите на Министерството за култура на 23 јануари се одржала конститутивна седница на Советот за култура, кој ќе има советодавна функција во однос на работата на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Беговска, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, Билјана С. Црвенковска, Анжелика Апсис и Мила Шурбановска.
Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност, известија од Министерството за култура.