Зои Салдана е прва актерка која глуми во четири од шесте филма со најголема заработка


САД- Филмот „Аватар 2: Патот на водата“ влезе во филмската историја, заземајќи го засега шестото место на листата филмови со најголема заработка на сите времиња.

„Патот на водата“ се појави во кината 13 години по првиот дел, а со буџет од околу 460 милиони долари се смета за еден од најскапите на сите времиња. Новото остварување на режисерот Џејмс Камерон потоа заработи повеќе од две милијарди долари, а воедно, ова е и првиот филм од почетокот на корона-пандемијата на што го постигнал тоа. Овој режисер сега зазема три места на топ-10 списокот – оригиналниот „Аватар“ и на „Титаник“.
Со ова, Зои Салдана, која ја глуми Нејтири во приказната на Камерон се појавува во четири од шесте филма со најголема заработка. Имено, таа ја толкува и улогата на Гамора во „Војна на бесконечноста“ (2018) и „Крај на играта” (2019).  

Минатата година, актерката, која глумеше и во неодамнешните Star Trek филмови, изјави за Women’s Wear Daily дека понекогаш се чувствува креативно „заглавена“ додека снима филмови со франшиза.

Чувствувам дека во последните 10 години од мојот живот сум заглавена. Многу сум благодарна за можностите што ми ги пружија, од соработката со неверојатни режисери и запознавањето со членовите на актерската екипа што ги сметам за пријатели и да играм улога што фановите, особено децата.”