Спасовски: Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици


Во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 килограми марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР […]

Говорот на омраза на Твитер расте без преседан откако дојде Маск


Истражувачите откриваат дека порастот на говорот на омраза на Твитер е без преседан откако компанијата ја презеде Елон Маск, кој пак себеси се опишува како „апсолутист за слободен говор“.  Пред да го купи Твитер, навредите против црните Американци се појавуваа на на социјалната мрежа во просек 1.282 пати на ден, а откако милијардерот стана сопственик […]

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство


ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија. Во ТЕЦ Осломеј, се појаснува во соопштението, во претходниот период се вршеле неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и […]

Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни на 6 декември


Албанија – Американската амбасада во Тирана упати предупредување до своите граѓани да бидат внимателни на 6 декември, кога во албанскиот главен град се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан, а опозицијата најави протест. Во објавата на веб-страницата на Амбасадата се наведува дека поради преземените мерки за поддршка на самитот ЕУ-Западен Балкан, во Тирана во вторник, се очекува затворање на патиштата и пренасочување […]

Борисов: И Бугарија има Меси, тоа сум јас


Еден ден пред ГЕРБ да го добие мандатот за формирање влада, во пратеничката група на партијата  се слушнаа барања да се именува Бојко Борисов за премиер, иако неговото заминување е услов за многумина во земјата за да прават коалиција со нив. „ Си  имаме премиер, подобар од мене нема, колку и да звучи нескромно. Формирањето  […]

Протестите во Кина се многу повеќе од гнев против мерките за Ковид


Симултаноста и спонтаноста на протестите што избувнаа низ Кина укажуваат на тоа дека постои длабоко незадоволство кај кинескиот народ од многу повеќе причини – отколку само драконските и долгогодишни мерки на режимот за Ковид-19. Комунистичките власти се обидуваат да ги прикажат протестите како изолирани, како резултат на најновиот круг на заклучувања. Сепак, шепотот што успева […]

Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти


Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 […]

Градовите Битола и Епинал на пат на продлабочување на соработката


Делегација на Општина Битола во рамките на прославата на заштитникот на збратимениот францускиот град Епинал – Свети Никола, престојуваше во градот под Вогезите. Притоа е договорена соработка, особено во преносот на искуства и добри практики во делот на подобрувањето на урбаната мобилност, енергетската транзиција и други прашања поврзани со комуналната сфера, јави дописникот на МИА. […]

Кој е најдобриот филм на сите времиња според 1.639 филмски критичари и 480 режисери?


  „Жана Дилман, 23 ке де Комерс, 1080 Брисел“ на Шантал Акерман е филм од три и пол часа во кој ништо не се случува. Тоа, во секој случај, ќе биде описот што ќе го понудат многумина кои за прв пат ќе го погледнат во наредните месеци. Нивната љубопитност ќе биде поттикната од неговиот триумф […]

Вицегувернерката Митреска: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна


„Народната банка е во групата ретки земји коишто започнаа со нормализација на монетарната политика, уште од крајот на минатата година преку постепено повлекување ликвидност. Меѓународните финансиски институции потврдуваат дека реакцијата на нашата централна банка на инфлацијата е навремена и соодветна, впрочем да не беше така, немаше да се квалификуваме ниту за Кредитната линија за претпазливост […]

Каролина Кенеди го прошета принцот Вилијам во библиотеката на ЏФК


САД– Најмладото дете на Каролина Кенеди, Џек Шлосберг, секако ги носи убавите гени од кланот Кенеди. 29-годишниот адвокат толку многу личи на неговиот покоен вујко Џон Ф. Кенеди, кој загина во авионака несреќа, дури ја имаат истата густа и кадрава коса. Шлосберг го поздрави принцот Вилијам по неговото пристигнување во Претседателската библиотека и музеј Џон […]

Селекторот на Австралија: Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор


ОАЕ– Селекторот на Австралија Греaм Арнолд по елиминацијата од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство не ги кажа своите очекувања за евентуално продолжување на работата во репрезентацијата. – Не размислував за мојата иднина. Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор. Работевме напорно, сега можеме да одмориме, изјави Арнолд. Ја истакна играта на Меси во […]

Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија


Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово најстудено со -1 степен е на Попова Шапка, а со измерени девет степени во Гевгелија. Во Маврови Анови утрово до 8.30 часот темепeратурата била 1 степен, 2 во Лазарополе, 3 во Берово и Крушево,  4 степени во Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 6 степени се измерени […]

Пехарот на Мундијалот од злато го прават Италијанци- за првакот копија, оригиналот за ФИФА


Италија/ ОАЕ– Фабриката GDI Bertoni, која се наоѓа во близина на Милано, со години произведува трофеи и медали за најдобрите фудбалски тимови, вклучувајќи го и трофејот за победниците на Светското првенство. Седиштето на GDE Bertoni е мала зграда лоцирана во индустриска област во Падерно Дугнан, град на периферијата на Милано во северна Италија. Зградата е […]

4 декември во историјата – Заложникот Тери Андерсон ослободен во Либан


  На 4 декември 1991 година, исламските милитанти во Либан го ослободија киднапираниот американски новинар Тери Андерсон по 2.454 дена во заробеништво. Како главен дописник за Блискиот Исток за Асошиетед прес, Андерсон ја покриваше долготрајната граѓанска војна во Либан (1975-1990). На 16 март 1985 година, тој беше киднапиран на улица во западен Бејрут додека го […]

Кејт Мидлтон со впечатлив изнајмен фустан и дијамантски ѓердан на Леди Дајана во Бостон


САД- Принцезата од Велс зрачеше со одржлив стил во изнајмена светло зелена тоалета за доделувањето на наградите Earthshot минатата ноќ. 40-годишната Кејт го носеше впечатливиот фустан на настан со ѕвезди во Бостон, Масачусетс заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Неверојатниот изглед до подот е на британскиот бренд Solace London, но кралската мајка на три деца […]

За Ковачевски и Агелер корупцијата го кочи напредокот на Македонија , САД со дополнителни санкци за корумпирани официјални лица од Балканот


Иако чекориме на патот кон Европската Унија, корупцијата го кочи напредокот на Северна Македонија, согласни се премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, најави дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот […]

Облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 4 декември 2022 година, 338-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 27 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 17 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

Борисов има нова формула – влада на ГЕРБ составена од експерти


  Поранешниот премиер Бојко Борисов понуди нова формула како Бугарија да излезела од политичката криза. Неговата партија ГЕРБ да предложи влада која ќе биде составен од експерти кои можат да ја стабилизираат Бугарија. Бојко Борисов го објави тоа на својот Фејсбук профил. Тој за тоа ја ја известил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер […]