Селекторот на Австралија: Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор


ОАЕ– Селекторот на Австралија Греaм Арнолд по елиминацијата од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство не ги кажа своите очекувања за евентуално продолжување на работата во репрезентацијата.

– Не размислував за мојата иднина. Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор. Работевме напорно, сега можеме да одмориме, изјави Арнолд.

Ја истакна играта на Меси во триумфот на Аргентинците.

– Меси е неверојатен. Еден од најдобрите во историјата и вложивме многу труд да го неутрализираме, знаејќи за каков голем играч станува збор. Ја имав честа да играм со Диего Армандо Марадона и да се соочам со Меси како тренер. Аргентина треба да биде горда што има играчи од ваков калибар. Ние Имавме добри шанси, но не можевме да ги искористиме. Австралискиот фудбал има голема иднина. Главната работа е дека поддршката не исчезнува и развојот на спортот не запира. Многу сум горд на моите играчи. Малку сме тажни што не можевме да постигнеме повеќе, но се надевам дека земјата е горда на своите играчи како и јас, додаде селекторот на Австралија во интервјуто за „Ројтерс“.

Австралија синоќа загуби од Аргентина со 2:1 и го заврши Мундијалот во Катар во осминафиналната фаза.