Кејт Мидлтон со впечатлив изнајмен фустан и дијамантски ѓердан на Леди Дајана во Бостон


САД- Принцезата од Велс зрачеше со одржлив стил во изнајмена светло зелена тоалета за доделувањето на наградите Earthshot минатата ноќ.

40-годишната Кејт го носеше впечатливиот фустан на настан со ѕвезди во Бостон, Масачусетс заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

Неверојатниот изглед до подот е на британскиот бренд Solace London, но кралската мајка на три деца го купи парчето од 350 фунти од компанијата за изнајмување Hurr.

Со оглед на тоа што патувањето на двојката во Соединетите држави трае три дена, веројатно таа ја избрала опцијата за изнајмување за четири дена, која би чинела само 74,50 фунти.
тој фустан – кој е дизајниран со суптилен расцеп на задната страна – е достапен за изнајмување во големини од четири до 16, а доаѓа и во елегантна крем нијанса.

Кери Џонсон, Холи Вилоби и Стејси Дули се меѓу другите познати фаци кои изнајмуваат облека од висока класа од Hurr, MyWardrobeHQ и OnLoan.

Глобалниот пазар за изнајмување облека преку Интернет се предвидува да порасне за 8,5 отсто и да достигне вредност од 2,33 милијарди долари, бидејќи сè поголем број се свртуваат кон него како поодржлив начин за уживање во модата.

Дополнително, тоалетата на Кејт имаше и впечатливо деколте во однос на рамениците – што е стил што принцезата го избра за голем број неодамнешни ангажмани на црвениот тепих.

Ова го вклучуваше нејзиниот монохроматски фустан на премиерата на филмот на Топ Ган: Маверик во Лондон во мај, и зелена тоалета за време на турнејата на Јамајка во март.

Принцезата исто така испрати стилска порака и со прекраснио ѓердан- чокер од смарагд и дијамант што го носеше нејзината свекрва принцезата Дијана на нејзиниот 36-ти роденден во 1997 година, непосредно пред нејзината трагична смрт.

Дизајниран е од Гарард во 1921 година на барање на бабата на кралицата Елизабета, кралицата Мери, и ѝ бил даден како доживотен заем од покојниот монарх по нејзиниот брак со принцот Чарлс.

За да го заврши својот гламурозен изглед, Кејт носеше пар светкави потпетици.

Принцот и принцезата беа видени на настанот како разговараат со ѕвезди како Серена Вилијамс, Рами Малек, Ели Гулдинг и Дејвид Бекам.