Говорот на омраза на Твитер расте без преседан откако дојде Маск


Истражувачите откриваат дека порастот на говорот на омраза на Твитер е без преседан откако компанијата ја презеде Елон Маск, кој пак себеси се опишува како „апсолутист за слободен говор“.  Пред да го купи Твитер, навредите против црните Американци се појавуваа на на социјалната мрежа во просек 1.282 пати на ден, а откако милијардерот стана сопственик на Твитер, тие скокнаа на 3.876 пати на ден.

Навредите против геј мажите се појавуваа на Твитер 2.506 пати дневно во просек пред господинот Маск да ја преземе функцијата, а сега  нивната употреба се зголемила на 3.964 пати на ден. И антисемитските објави, кои се однесуваат на Евреите или јудаизмот, се зголемија за повеќе од 61 отсто во две недели откако се смени сопственоста.

Овие наоди – од Центарот за борба против дигитална омраза, Лигата против клеветата и други групи кои ги проучуваат онлајн платформите – даваат најсеопфатна слика до сега за тоа како се сменија постовите  на Твитер откако Маск го комплетираше својот договор од 44 милијарди долари со компанијата кон крајот на октомври. Иако бројките се релативно мали, истражувачите рекоа дека зголемувањата биле атипично високи.

Промената во говорот е само врв од низата промени. Профилите што Твитер редовно  ги отстрануваше – како што се оние што се идентификуваат како дел од Исламската држава, кои беа забранети откако американската влада ја класифицира ИСИС како терористичка група – се вратија. Сметките поврзани со QAnon, огромна екстремно десничарска група за терории на заговор, платија и добија статус на Твитер, што им дава легитимитет.

Овие промени се алармантни, велат истражувачите, додавајќи дека никогаш не виделе толку нагло зголемување на говорот на омраза, на проблематична содржина и на порано забранетите профили за толку краток период на мејнстрим платформа за социјални медиуми.

„Илон Маск испрати сигнал  до секој вид на расист, женогинист и хомофоб дека Твитер е отворен за бизнис“, рече Имран Ахмед, главен извршен директор на Центарот за борба против дигитална омраза. „Тие реагираа соодветно“.

 Маск  брзо се придвижи кон ревизија на практиките на Твитер, дозволувајќи му на поранешниот претседател Доналд Џ. Трамп – кому му беше забрането да објавува твитови што може да поттикнат насилство – да се врати. Минатата недела Маск предложи широка амнестија за профилите кои претходното раководство на Твитер ги суспендираше и во вторникот го оконча спроведувањето на политиката против дезинформациите за Ковид.

 Маск ги негираше тврдењата дека говорот на омраза се зголемил на Твитер под негова контрола. Минатиот месец, тој објави на Твитер графикон со тренд на опаѓање, за кој рече дека „впечатоците од говорот на омраза“ се намалени за една третина откако тој ја презел функцијата. Тој не даде основни бројки или детали за тоа како го мери говорот на омраза.