Топланата „Скопје Север“ доби забрана да работи на мазут, ќе го обжали решението


  На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, потврди Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје Север. Рамадани во изјава за МИА рече дека не знае дали решението што го добиле е согласно закон и најави дека ќе го обжалат. […]

И покрај високата инфлација, во Турција повторно намалена референтната каматна стапка


  Турската централна банка денеска повторно ја намали референтната каматна стапка за 1,5 процентен поен, иако инфлацијата во таа земја достигна 85 отсто. Централната банка одлучи да ја намали каматната стапка на 9 отсто, по серијата слични големи намалувања. Овој потег е во согласност со економските ставови на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој тврди дека […]

Грција не е задоволна од предлогот за плафон 275 евра за мегават час природен гас


  Грција, како преку владиниот портпарол, така и преку министерот за животна средина и енергетика, го изрази незадоволството за предлогот плафонот на цената на природниот гас да изнесува 275 евра за мегават час, јави дописничката на МИА од Атина. -Се разбира дека воопшто не сме задоволни од овој предлог, рече портпаролот на грчката Влада Јанис […]

ЕП ја осуди корупцијата во ФИФА и доделувањето на Мундијалот на Катар


Белгија– Европскиот парламент денеска усвои резолуција за состојбата со човековите права во Катар, во која се оценува дека изборот на земјата да биде домаќин на Светското првенство е проследен со веродостојни обвинувања за корупција и мито и бара радикална реформа на ФИФА. Во резолуцијата, Парламентот изрази длабоко жалење за смртта на илјадници печалбари во Катар, […]

СП2022: Уругвај и Јужна Кореја ги поделија бодовите без голови


ОАЕ–  Уругвај и Јужна Кореја одиграа попладнево нерешено 0-0 во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство во Катар. Двете репрезентации во првото полувреме имаа по една стопроцентна шанса за гол. Јужнокорејскиот напаѓач Хванг за малку биеше непрецизно кон противничкиот гол во 34 минута, додека на спротивната страна топката по ударот со […]

Според Арсовска, приватните превозници за пет години не пријавиле дека продале барем еден билет


  Град Скопје изготви нов јавен повик на кој секој од сегашните поединечни превозници, сопственик на приватен автобус ќе може индивидуално да аплицира, да добие линија на која ќе сообраќа и да работи чесно за обезбедување соодветен јавен превоз, соопшти денеска градоначалничката Данела Арсовска. Таа истакна дека јавноста мора да ги знае вистинските причини за […]

На пописот во Бугарија како Македонци се изјасниле 1.143 лица


  За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните. Со датумот 7 септември 2021 за Бугари се изјасниле 5.118.494 лица или 84,6 отсто […]

Приватизација или стратешки партнер – кое решение е најдобро за „Пошта“


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на изнаоѓање начин за долгорочна одржливост на македонска Пошта, а за самиот објект којшто пред неколку години изгоре рече дека презема обврска заедно со ресорните министри тој да се обнови. Одговарајќи на пратеничко прашање на Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека од 2012 година македонска Пошта […]

Петре Бакевски меѓу македонските книжевни класици- промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“


Во присуство на членовите на семејството, многубројни познати писатели и новинари, пријатели, соработници и почитувачи на творештвото на истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, синоќа, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје беше промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е […]

Разликата меѓу нашата и инфлацијата во ЕУ е одраз на домашни структурни фактори, вели главниот економист на НБ


Главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска смета дека разликата меѓу инфлацијата во нашата земја и онаа во земјите на ЕУ е одраз на домашни структурни фактори. „Глобален шок ги погодува сите економии, но домашните структурни фактори во секоја од економиите диктираат за интензитетот на инфлацијата“, потенцира таа. Крстевска посочува дека увозната зависност и степенот […]

Вархеи очекува да бидат пронајдени напаѓачите од Охрид


  „Секој напад врз која било заедница во Северна Македонија мора да биде следен од полицијата и владата. Свесен сум за вчерашниот напад (на бугарскиот клуб во Охрид). Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случај (со опожарувањето на клубот во Битола)“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер вархеи, во разговор […]

„Стани Славјанка“ – премиерот ја бранеше министерката од нападите на Ковачки


  Во Собранието се случуваат специфични сцени какви што ретко имало досега, а премиерот Димитар Ковачевски очигледно употребува вокабулар кој може да изгледа несекојдневен. На денешната седница за пратенички прашања, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, го праша премиерот дали ќе ја разреши министерката за одбрана Славјанка Петровска по обвинувањата што самиот тој ги изнесува […]

Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите од Љубљана, Загреб и Скопје


Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје. По повод 70 години од раѓањето на Стефановски, денеска на хибриден настан, со виртуелно и со физичко присуство на Одделот за славистика при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, покрај словенечките студенти се приклучија и студенти од Филозофскиот факултет на Универзитетот […]

Годинава се очекува да бидат откупени 12,5 проценти повеќе тутун од лани


  Од понеделник почнува откупот на тутунот од реколтата 2022 година. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, годинешниот откуп стартува со позитивни бројки од аспект на планирано количество на откуп и откупна цена на тутунот, рече премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, потенцираше дека динамиката за откуп е многу […]

Граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе за струја од тоа што е во моментов, вели Бектеши


  Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на […]

Рендевски: Не се согласувам дека министер за здравство треба да одлучува кој ќе продолжи да работи по стекнувањето на услови за пензионирање


 Заменик-министерот за здравство д-р Владимир Рендевски на собраниска говорница изјави дека не се согласува со министерот за здравство Беким Сали да се одбива продолжувањето на работа на лекарите кои наполниле години за пензионирање, посочувајќи дека директорите на јавните здравствени установи само знаат како некој лекар или вработен работи. Тој, исто така, потенцира дека иако е […]

Иновативните кровни градини „Семпервел“ предизвикаа голем интерес на „Анталија експо“


  Македонското иновативно решение за кровни градини „Семпервел“ се претстави на меѓународниот саем „Анталија експо 2022“ наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од 23-26 ноември. „Семпервел“ е модул на кровни градини […]

За Тупанчевски обвинителите треба да се замислат што го избраа Ислам Абази


  Кога постојат избори вклучувајќи ги и овие, тоа говори и за изборот на јавниот обвинител, но и за тие кои го избрале јавниот обвинител, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење […]

Средба на претседателот Пендаровски со Теодор Богоевски, лице со попреченост


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Теодор Богоевски, лице со попреченост и советник за лица со попреченост на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. На средбата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, се разговарало за положбата на лицата со попреченост во земјава, во контекст на заложбите за остварување на нивните права на еднаквост, […]

Поминал 24 години во затвор за злосторство што не го направил – доби отштета од 45 милиони долари


  Роџер Дин Гилеспи имал само 24 години кога морал да се соочи со обвиненија за силување на неколку жени во 90-тите, злосторство за кое отсекогаш тврди дека никогаш не го направил. Поминал 24 години во затвор Гилеспи е осуден на 56 години затвор, а откако поминал 24 години во затвор, во 2011 година е […]