„Стани Славјанка“ – премиерот ја бранеше министерката од нападите на Ковачки


Фото: Б. Грданоски

 

Во Собранието се случуваат специфични сцени какви што ретко имало досега, а премиерот Димитар Ковачевски очигледно употребува вокабулар кој може да изгледа несекојдневен.

На денешната седница за пратенички прашања, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, го праша премиерот дали ќе ја разреши министерката за одбрана Славјанка Петровска по обвинувањата што самиот тој ги изнесува за наводно непријавен имот во скопско Радишани, особено по изјавата на Ковачевски – „Стани Цаци да те види цела сала“ по што таа добила громогласен апалауз.

Ковачевски му порача на Ковачки дека таков апалауз не може никогаш да добие, но „може да краде микрофони како претседавачот на Советот на Скопје“:

„Не можете вие да кажувате реченица од типот ’стани Славјанка‘ или кој било друг, затоа што таа реченица јас сум ја кажал. Она што вие можете да направите е во стилот на вашите колеги од вашата партија, а тоа е да седнете и да украдете микрофон како претседавачот на Советот на Град Скопје или како што го правеше друг пратеник тука во Собранието или вашиот бивш претседател. Вие можете да го правите зашто тоа личи на вас, а не на мене. Или да се најавите гостин кај самиот себе – пратеникот Ковачи да дојде на гости кај пратеникот Ковачки“, одговори Ковачевски.

Ковачки, ианку, од говорницата му рече на премиерот дека со „вашите неконтролирани испади ја пониживте министерката за одбрана како жена“.

Ковачевски одговори остро:

„Кога кажав министерката за одбрана да стане во салата каде имавме трибина, тоа беше за да можат сите присутни граѓани на трибината да ѝ оддадат почит што тоа и се случи со громогласен аплауз што вие никогаш нема да може да го добиете во живот. Дополнително, за министерката за одбрана и своето високо ниво на професионалност и доверба во земјите членки на НАТО е што таа има највисоко ниво на безбедносен сертификат за НАТО. Такви има само два во Владата, едниот е мојот и едниот е нејзин. Таа е еден од најдобрите министри што го има владата и еден од најдобрите министри во историјата на нашата држава“, рече премиерот.