Поминал 24 години во затвор за злосторство што не го направил – доби отштета од 45 милиони долари


 

Роџер Дин Гилеспи имал само 24 години кога морал да се соочи со обвиненија за силување на неколку жени во 90-тите, злосторство за кое отсекогаш тврди дека никогаш не го направил.

Поминал 24 години во затвор

Гилеспи е осуден на 56 години затвор, а откако поминал 24 години во затвор, во 2011 година е пуштен на слобода. Но, дури во 2021 година државата Охајо го прогласи за невин, односно за погрешно обвинет за злосторствата кои не ги направил.

Поранешниот затвореник побарал отштета на суд, откако поминал толку години во затвор, иако никогаш немало физички докази кои би го поврзал со злосторството.

Најголема отштета во историјата

Гилеспи со спогодба ја доби отштетата во износ од 45 милиони долари, најголема во историјата на Охајо.

Според The Columbus Dispatch, поротата утврдила дека правата на Гилеспи ги повредил детективот Скот Мур, кој скрил докази кои би го ослободиле Гилеспи од вина.

Штетата е направена

Гилеспи во едно интервју го искористи моментот да повика на правда за илјадници други луѓе кои биле неправедно затворени и поминале голем дел од животот зад решетки поради злосторство што никогаш не го направиле.

„Јас сум само еден од 3.199 луше на кои ова им се случило во САД. Тие луѓе отслужле повеќе од 28.000 години во затвот за злосторства кои не ги направиле. Ова мора да престане. Овој систем мора да се поправи“, вели тој.