Вархеи очекува да бидат пронајдени напаѓачите од Охрид


 

„Секој напад врз која било заедница во Северна Македонија мора да биде следен од полицијата и владата. Свесен сум за вчерашниот напад (на бугарскиот клуб во Охрид). Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случај (со опожарувањето на клубот во Битола)“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер вархеи, во разговор за емисијата „Брисел 1“ на телевизијата Bulgaria ON AIR.

Вархеи рече дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него. „Мојата врата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат“, додаде Вархеи во интервјуто што целосно ќе се емитува в сабота.

Претседателот Стево Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот културен центар во Охрид.

„Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид. Очекувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите“, рече Пендаровски.