Иднината на енергетската независност е во обновливи извори на енергија, порача Ковачевски


  Северна Македонија заедно со Грција и Бугарија работи на изградба на терминал за течен природен гас во Александруполис, со што ќе се обезбеди дополнителна диверзификација на снабдувањето со гас и ќе овозможи негово пристигнување од други држави, како што се САД, Катар, Алжир, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Според него, иднината и за енергетската трансформација […]

Песков: Нема гас и нафта за оние кои ќе го поддржат ограничувањето на цените


  Русија не планира да ги снабдува со гас и нафта оние држави, што го поддржуваат ограничувањето на цените, соопшти денеска Кремљ, додавајќи дека ќе донесе конечна одлука по анализа на сите бројки. – Отсега остануваме на ставот на претседателот Владимир Путин, дека нема да испорачуваме гас и нафта на земјите што би поставиле и […]

(Фото) Студентите во Загреб распалија скари пред факултетот, откако им ја затворија мензата


  Вчера, ненадејно била затворена мензата на загребскиот Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб, Хрватска, а веста ја потврдија од Студенсткиот совет на овој факултет. Како што наведуваат, мензата е затворена поради технички проблеми, односно поради ниски тавани. „Луѓе, со оглед на тоа дека денеска ненадејно ни ја затворија мензата и ги исфрлија студентите […]

Џони Деп и во „Пиратите од Карибите 6“


САД– Американскиот глумец Џони Деп ќе се појави и во шестиот филм од серијалот „Пиратите од Карибите“ – пет години по претходната авантура на капетанот Џек Спероу, пишува „Сан“. Пробното снимање на филмот со работен наслов „A Day At The Sea“, ќе почнат во февруари во Велика Британија. Исто така, се истакнува дека проектот е во […]

Широк Сокак во Битола, македонскиот архитектонски бисер, пропаѓа со стареењето


  БИТОЛА – Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, […]

Петровска ќе поднесе тужба против Ковачки за навреда и клевета


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието најави тужба против пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за навреда и клевета, откако тој и постави прашање за наводно криење имот во Радишани. – За разлика од пратеникот, јас ги имам сите документи и договори последователни од првиот ден до денес […]

„Анимакс Скопје Фест“ во Кинотека


На 13-то издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“, што ќе се одржи од денеска до 26 ноември во Кинотеката, ќе бидат прикажани 39 куси анимирани филмови во официјалната програма и осум анимирани филмови, наменети за детската публика. Филмовите за официјална конкуренција се избрани од пријавениот рекорден број анимации, меѓу кои најголем број […]

Уставниот суд го укина решението за изградба на хотел на Дојранското Езеро


Уставниот суд го укина решението донесено од страна на градоначалникот на општина Дојран на 16.05.2018 година, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, Општина Дојран, изработена од „Стан арт“ ДООЕЛ Куманово со кој се опфаќа простор од 4.309 м². Судот утврди дека не била во […]

ЕУ воведува единствен телефонски број за жени жртви на насилство


Белгија – Европската комисија денеска најави единствен телефонски број за жените жртви на насилство: 116 016. Сите жени жртви на насилство можат да се јават на овој број во ЕУ и да добијат поддршка и совети. За сега 15 земји членки на ЕУ учествуваат во иницијативата. Рокот за да се етаблира телефонската линија е април 2023. […]

Ројтерс: Тајна средба на претставниците на Русија и Украина


  Претставници на Русија и Украина се состанаа во Емиратите минатата недела за да разговараат за можна размена на затвореници, што, пак, е поврзано со враќањето на рускиот извоз на амонијак во Азија и Африка преку Украина, открија извори запознаени со состанокот, пренесува Ројтерс. Ројтерс дознава дека преговорите биле координирани од арапски претставници, а ОН […]

Прехранбените производи ќе треба да ги поевтинат и оние кои не се пријавиле за бенефицирана струја


  Се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија, порачуваат одговорните во власта. -За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да […]

МАНУ промовираше двотомно издание „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“


Истражувачкиот центар на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска промовираше „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“ во два тома. Првиот, насловен  „Супрасегментална фонетика и фонологија“, се однесува на интонацијата и акцентот, а вториот, „Сегментална фонетика и фонологија“, е посветен на гласовите во македонскиот јазик. Изданието е финансирано од Полска и авторскиот тим […]

Поради реконструкција воведен времен режим на сообраќајот на улицата „Даме Груев“


ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје, поради што е воведен времен режим на сообраќајот. – Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“  – Скопје, по налог на Град Скопје, ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на […]

Германската тениска федерација е подготвена да го ангажира Бекер по излегувањето од затвор


Германија – Германската тениска федерација е подготвена повторно да го ангажира Борис Бекер. Тој во моментов издржува затворска казна во Велика Британија поради кршење на законите за стечај и прикривање имот. Во декември Бекер треба да биде ослободен и депортиран во татковината. – Вратите на федерацијата се секогаш отворени за Борис Бекер. Кога ќе ја отслужи […]

Над 20.000 луѓе умреа од топлотните бранови ова лето во западна Европа


  Повеќе од 20.000 луѓе умреа ширум западна Европа во топлотните бранови ова лето, на температури кои практично ќе беа невозможни без климатскиот колапс, покажуваат бројките. Анализата на вишокот смртни случаи, разликата помеѓу бројот на смртни случаи што се случиле и оние што се очекуваат врз основа на историските трендови, ги откриваат заканите од глобалното […]

Поевтинуваат дизелот и мазутот


  Цените на дизел горивото и на маслото за горење од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара по литар, а мазутот поевтинува за 1,263 денари по килограм одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто. […]

СП 2022: Швајцарија подобра од Камерун


ОАЕ– Швајцарија го победи Камерун со 1:0 на отворањето на петтиот ден од Светското фудбалско првенство во Катар. Победничкиот гол на средбата одиграна во Ал Вакрах го постигна Брел Емболо во 48.минута по асистенцијата на Џердан Шакири. Првото коло од Г-групата ќе биде заокружено вечер со натпреварот Србија – Бразил (почеток 20 часот). Денес на Мундијалот […]

Се спрема Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција


  Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа.    -Законот за […]

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија


  Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. Националната економија забележа раст од 0,3 отсто во периодот јули-септември во однос на претходните три месеци, благодарение на добрите перформанси на услужниот сектор по укинувањето на повеќето рестрикции за пандемија, забележа Бундесбанк. […]

Подгответе се за Black Friday во Рамстор мол и во сите Рамстор маркети – големи попусти и многу забава


Овој петок во Рамстор мол се организира шопинг лудило и многу забава по повод Black Friday. За сите вас, обезбедивме големи попусти во  сите продажни места кои ќе достигнат до 70%. Шопинг лудилото на Black Friday, започнува на 25 Ноември – петок и ќе трае до  27.11.2022 со што сите вие ќе можете да уживате […]