16-годишното момче е најмладата жртва на пукањето во Волмарт. Со првата плата ѝ купил подарок на мајка си


  Најмладата жртва на масовното пукање оваа недела во Волмарт во Чесапик, Вирџинија, е 16-годишник кој штотуку почнал да заработува џепарлак таму и наводно ја искористил својата прва плата за да ѝ купи подарок на мајка си два дена пред да почине. Фернандо Чавез-Барон, заедно со уште пет други соработници, беше убиен во вторникот вечерта […]

Падна наркомафија од Балканот: Повеќе уапсени во Холандија, Белгија и Луксембург


Во голема полициска акција уапсени се српски државјани за кои се претпоставува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала 100 килограми кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од 10 милиони евра. Видеото од акцијата го објави Министерството за внатрешни работи на Србија, а акцијата се одвива во исто време […]

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Србија


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Србија поради знамето закачено во соблекувалната на таа репрезентација пред натпреварот против Бразил, на кое Косово беше прикажано како дел од таа земја. Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натписот „Не се предава“ наиде на реакција на косовскиот министер за култура, млади и спорт, како […]

Мбапе со два гола ја однесе Франција во нокаут фазата на СП2022


Во натпреварот од 2.коло од групата Д на Светското фудбалско првенство, Франција  ја совлада Данска со 2:1 (0:0). Двата гола за Франција ги постигна Килијан Мбапе (61, 86), додека стрелец за Данска беше Андреас Кристијансен (68). Со оваа победа Франција стана првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето. Иако данскиот селектор Каспер Хјулманд направи четири […]

Црниот петок го собори рекордот на онлајн продажба во САД


  Купувачите потрошиле рекордни 9,12 милијарди долари за купување преку Интернет за време на Црниот петок оваа година, според Adobeu, која ја следи продажбата на веб-страниците на трговците на мало. Вкупните онлајн продажби за денот по Денот на благодарноста се зголемија за 2,3 отсто на годишно ниво, со електрониката како главен придонесувач, бидејќи онлајн продажбата […]

Хрватската пошта не одобри поштенски жиг со ликот на Тито


  Хрватската пошта (ХП) не одобри изработка на комеморативен поштенски жиг со ликот на Јосип Броз Тито, што беше барање на Здружението на антифашистички борци и на Сојузот на друштва Јосип Броз од Хрватска за филателистичка изложба како дел од прославата на 130-годишнината од раѓањето на Тито. Комеморативниот поштенски жиг е вообичаен за некои манифестации […]

Почина познатиот хрватски ТВ водител Саша Залепугин


  Легендарниот ТВ водител Саша Залепугин (91) почина вечерва во болница како последица на мозочен удар што го доживеа во неделата на 16 октомври во неговиот дом во Загреб, а тажната вест ја потврди неговата сопруга Тихана Харапин Залепугин, која беше со Саша до последен момент, јавија хрватските медиуми. Токму таа била покрај него кога […]

(Видео) Објавени шокантни снимки по гранатирањето на Днепар


  Граѓаните на Херсон околу полноќ почнаа да се евакуираат од градот каде се уште се водат жестоки борби. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сега е „очигледно дека обединувањето на Русија со Донбас“ требало да се случи порано. „Русија удри во станбени згради во Днепар. Терористите не дозволуваат луѓето да го поминат викендот во […]

Која земја има најстаро население


  Намалувањето на наталитетот, растечката стапка на разводи и зголемувањето на очекуваниот животен век се меѓу многуте фактори кои ја менуваат демографијата ширум светот. Навистина, многу земји се сведоци на целокупното стареење на нивните граѓани. Според студијата на Светската банка од 2019 година, следните земји имаат најстаро население. Јапонија Со просечна возраст од 48 години, […]

Штипска „Актива“ и во услови на криза го зголеми производството за 60 отсто и на вработените за 30 отсто


Во штипската компанија „Актива“ и во услови на криза успеваат континуирано да го зголемуваат производството и бројот на вработените, како и да извезуваат за познати светски компании како „Тисен Круп“, „Ван Хол“ и „Фастглобал Солушн“.  „Пребродувајќи ги здравствената и енергетската криза успешно покажеме дека како домашна компанија кои што ги користи субвенциите на Владата за […]

ПСЖ се сели од „Паркот на принцовите“


 Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, ја разгледува можноста актуелниот француски фудбалски првак да го напушти „Паркот на принцовите“, оценувајќи оти клубот заслужува подобар стадион, објави спортскиот весник Л’Екип. – ПСЖ заслужува подобар стадион. Мојата прва опција беше да не се селиме. Меѓутоа градските власти во Париз нè туркаат да го направиме тоа. За модернизација […]

ЗНМ: Директорот на топланата „Скопје Север“ да си поднесе оставка поради грубите навреди кон новинарка


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара директорот на топланата „Скопје Север“ Куштрим Рамадани веднаш да си поднесе оставка поради груби навреди кои ги упатил кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. – Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата !Скопје Север“, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон […]

Црна Гора привлекла 847,83 милиони евра странски директни инвестиции


  Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора на крајот на септември изнесува 847,83 милиони евра, а во исто време од државата се исплатиле 248,8 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора. „Нето-приливот на странски директни инвестиции изнесува 599,03 милиони евра, што е за 70,03 отсто повеќе во однос […]

Наумоски од „Витаминка“: Цената на зејтинот намалена за 40 денари


  Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“. –Цената е падната за скоро 40 денари и […]

„Њујорк тајмс“: Голем број хаубици од западни држави надвор од употреба во Украина


  Украинските вооружени сили истрелуваат илјадници артилериски гранати врз руски цели секој ден од технолошки напредни хаубици доставени до Киев од САД и нивните сојузници, но поради прекумерната употреба на бојното поле, третина од нив не се во функција, потврдуваат американски и украински официјални лица. Третина од околу 350 хаубици од западно производство, донирани на […]

Османи утре во прва официјална посета на Саудиска Арабија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.   За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како […]

Ковачевски му даде жолт картон на бугарскиот пратеник Костадинов


  Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Република Северна Македонија. – Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. […]

Делницата Крупиште – Кочани со реализација 96 отсто, се асфалтираат последните 700 метри


  Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска извршија увид на делницата Крупиште – Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип – Кочани. Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика […]

Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ да заседава за случајот „Онишченко“, повикува Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика собраниската Комисија за надзор на работата над Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за случајот „Онишченко“ конечно да да заседава за овој случај, а Министерството за внатрешни работи што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна Комисија да биде пренесувана […]

СП2022: Бразил без Нејмар и Данило против Швајцарија


  Бразил во натпреварот против Швајцарија во рамки на второто коло во групата Г на Светското првенство 2022 ќе биде без услугите на Нејмар и Данило поради повреди, соопшти лекарскиот тим на Кариоките. Докторот Родриго Ласмар појасни дека Нејмар на дуелот од првото коло против Србија ги повредил лигаментите во скочниот зглоб, а со слична […]