(Видео) Објавени шокантни снимки по гранатирањето на Днепар


 

Граѓаните на Херсон околу полноќ почнаа да се евакуираат од градот каде се уште се водат жестоки борби. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сега е „очигледно дека обединувањето на Русија со Донбас“ требало да се случи порано.

„Русија удри во станбени згради во Днепар. Терористите не дозволуваат луѓето да го поминат викендот во мир“, напиша украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер.

Морничава снимка од последиците од гранатирањето на Днепар објави и Нехта. „Повредени се 13 лица, од кои четворица се хоспитализирани, една жена е во тешка состојба“, соопштија локалните власти, а пренесува Нехта.