Дан го номинираше Мурешан за мандатар на романската влада


Претседателот на Романија, Никошур Дан денеска го номинираше европратеникот и член на романската Национална либерална партија (ПНЛ) Зигфрид Мурешан за нов премиер.

Мурешан (44) сега има рок од десет дена да состави влада и да добие доверба во парламентот.

Дан претходно номинираше двајца кандидати, неговиот советник Еуген Томац, кој се повлече пред дури и да се одржи гласање во парламентот, и Адриан Вестеа, кој не успеа да го обезбеди потребниот број гласови.

Проевропската коалициска влада на Романија се распадна во мај, откако социјалдемократите ја повлекоа поддршката за премиерот Илие Боложан и заедно со опозициските десничари му изгласаа недоверба.

Следните редовни парламентарни избори во Романија би требало да се одржат во 2028 година. Иако земјата никогаш во својата историја не одржала предвремени избори, Дан претходно изјави дека повеќе не ја исклучува таа опција.