Беса подготвува интерпелација против Груби


Движење Беса подготвува интерпелација против вицепремиерот Артан Груби, но се уште не се знае која причина ќе биде наведена за неа. Во среда иницијативата ќе биде испратена до пратениците на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику. Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, претходно најави дека  доколку опозицијата покрене интерпелација за Артан Груби, тој ќе гласа „за“. […]

Гутереш го повика светот да се спасува


Во изјавата по повод претстојната климатска конференција на ОН (COP27), генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш денеска го повика светот да дејствува за да се спречат климатските катастрофи и да се спаси човекот вид. – За нас тоа е прашање на живот или смрт, за нашата безбедност денес и нашиот опстанок утре, рече Гутереш […]

Оштетени бистите на спомениците на Неделковски и Вапцаров во Градски парк


Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градски парк во Скопје. Случајот бил пријавен вчера наутро во СВР Скопје. -На 02.10.2022 во 09.52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците – информираат од […]

Георгиева: На глобалната криза со храна изложени 48 земји


 Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека 48 земји се изложени на глобалната криза со храна, а половина од нив се многу ранливи. Георгиева, која зборуваше на конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, исто така рече дека 41 милион луѓе во арапскиот свет се изложени на несигурност во однос на […]

Британски производител на зелена струја сече шуми во Канада


Британскиот производител на електрична енергија од обновливи извори Дракс доби милијарди фунти зелени субвенции од даночните обврзници, а во Канада сече шуми важни за животната средина, јави Би-Би-Си. Дракс управува со најголемата електрана во Британија, согорувајќи милиони тони дрвени пелети класифицирани како обновливи извори на енергија. Би-Би-Си наведува дека дел од дрвото што се користи […]

Полицијата трага по сериски убиец во Калифорнија


Пет убиства од изминатите неколку месеци се чини оти се дело на едно лице, соопшти полициската управа на Стоктон, град во американската сојузна држава Калифорнија, јавија дел од светските медиуми. Првото убиство е извршено на 8 јули, сите жртви се од машки пол и биле сами кога ги убивале ноќе или во раните утрински часови. […]

Унгарските пратеници го одобрија новиот закон за антикорупција, со што избегнаа губење на финансирањето од ЕУ


  Унгарскиот Парламент денеска го усвои првиот од серијата нацрт-закони за борба против корупцијата за да се осигура дека земјата нема да го загуби финансирањето од Европската Унија. Мнозинството од владејачката партија ФИДЕС одобри измена на кривичниот законик. За предлог-законот гласаа 136 пратеници, седум беа против, а 14 воздржани. Усвоеното законодавство е дел од обврските […]

Дебитантот Халанд урива рекорди во Премиер лигата


Норвешкиот голгетер во редовите на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, постави нов рекорд во својата дебитантска сезона во Премиер лигата, откако го постигна третиот хет-трик за што му беа потребни само осум натпревари, пренесуваат денеска британските медиуми. Манчестер сити вчера во градското дерби го совлада Манчестер јунајтед со 6-3 во натпревар од 9. коло во Премиер […]

Шведска испраќа нуркачки брод за да го испита истекувањето на гасоводот Северен поток


Шведска – Шведска денеска испрати нуркачки брод на местото на минатонеделната експлозија на гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море за да го истражи инцидентот што го оневозможи транспортот на руски гас преку таа рута. Европските власти се сомневаат дека експлозијата во близина на шведските и данските води е саботажа, што Москва набрзо се […]

Наскоро ќе се знае кој ќе биде главниот антикорупционер во тимот за преговори со ЕУ


До 7 ноември кога почнува билатералниот скрининг со Европската унија, ќе биде претставен комплетниот македонски тим вклучувајќи ги и трите позиции: главниот економист, главниот правник и главниот антикорупционер кои ќе имаат значајна улога во натамошниот тек на преговорите за членство во ЕУ. Инаку, објаснувачкиот скрининг почна на 15 септември и ќе трае до 7 ноември, […]

Избори во Бразил: Болсонаро се покажа изненадувачки силен, ќе има втор круг


  РИО ДЕ ЖАНЕИРО – Жаир Болсонаро ги надмина анкетите во првиот круг од претседателските избори во Бразил, обезбедувајќи втор круг, што докажува дека екстремно десничарскиот бран на кој јаваше до претседателската функција останува во сила и му дава на светот уште еден пример за анкети кои ја промашуваат трагата. Анкетите на јавното мислење со […]

Сашко Насев ќе ја претстави својата книга „Средби со ѓаволот“ во Меѓународната куќа Канети во Русе


Во меѓународната куќа Канети во градот Русе, лоцирана на брегот на реката Дунав во Бугарија, вечер ќе биде претставена книгата „Средби со ѓаволот“ од македонскиот писател Сашко Насев, јави дописникот на МИА од Софија. Овој настан во Русе е етаблиран како еден од најпознатите настани за домашната и меѓународната јавност во Бугарија. Фестивалот ги претставува […]

Со изложбата „Stimulate your sences“ на Елита Алити почна октомвриската програма на КИЦ Тирана


Со отворањето на изложбата „Stimulate your sences“ на уметницата Елита Алити, во саботата почна реализацијата на програмата на КИЦ Тирана за месецот октомври. Изложбата е поделена на пет сегменти и е наменета за лица со оштетен вид. Авторката за своите дела комбинира разни видови материјали кои произведуваат различни звуци и мириси, со што ја реализира својата идеја да создава […]

Си-Ен-Ен во Лиман: Руските трупи се повлекоа на организиран начин


  Сенишната празнина на улиците на Лиман во источна Украина е спротивно на стратешкото значење на овој град. Во неделата воопшто немаше знаци на руски трупи – неколку оштетени руски тенкови, или руски мртви војници или руски затвореници. Припадниците на украинската национална гарда од единицата Депар-1 се движат во мал број на некои улици. Повремените […]

„Гоу грин“ повторно собира младински еко предлози за зелени општини


  Сите млади кои сакаат да бидат дел од зелената еко промена, да поднесат предлог за нивната општина да стане по зелена и по еколошка, апелира здружението „Гоу грин“ Скопје кое втор пат собира младински барања за зелени општини. -Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните […]

Ковачевски очекува отворени разговори со Синдикатот на УКИМ за зголемување на платите


Премиерот Димитар Ковачевски очекува отворени разговори со Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во однос на зголемувањето на платите на професорите. -Јас очекувам да разговараме отворено со Синдикатот на УКИМ на којшто ќе треба да се постави рамка во однос на барањето на професорите од УКИМ. Јас сум тука денеска, тука беше и ректорот […]

Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата поради закани


Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура. Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври. Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА. Без да каже детали, Безеншек […]

Владата наскоро ќе објави конкретни мерки за помош на најранливите категории граѓани


  Влада за многу скоро време ќе излезе со конкретни антикризни мерки насочени кон најранливите категории на граѓани, како што правеше и од почетокот на кризата и во времето на КОВИД пандемијата, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Во неколку наврати кажав дека заврши времето на изобилство и со електрична енергија, меѓутоа и со други […]

Може ли враќањето на Борисов да го врати спорот со Македонија?


  Оживувањето на ГЕРБ на политиката сцена по вчерашните избори во Бугарија отвора дилема околу иднината на компромисот со кој  нашата држава треба да ги почне преговорите со Европската унија. Со оглед на тоа дека Бојко Борисов беше креаторот на кризата со Македонија и тој што ни го стави ветото во ЕУ, прашањето сега е […]

Кастриот Реџепи ќе се приклучи на пратеничката група на ДУИ


  Незавсисниот пратеник Кастриот Реџепи (порано член на Беса) во иднина ќе дејствува како член на пратеничката група на ДУИ. Реџепи се сретнал со двајца членови на „огнената група“, пратеникот Изет Меџити и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за што беше објавена и фотографија. Денеска Меџити, во изјава за ТВ21 рече дека Реџепи ќе се […]