Оштетени бистите на спомениците на Неделковски и Вапцаров во Градски парк


Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градски парк во Скопје.

Случајот бил пријавен вчера наутро во СВР Скопје.

-На 02.10.2022 во 09.52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците – информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.