Беса подготвува интерпелација против Груби


Движење Беса подготвува интерпелација против вицепремиерот Артан Груби, но се уште не се знае која причина ќе биде наведена за неа. Во среда иницијативата ќе биде испратена до пратениците на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику.

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, претходно најави дека  доколку опозицијата покрене интерпелација за Артан Груби, тој ќе гласа „за“.

Се чини дека случувањата во ДУИ ги активираа и другите партиски функционери. Министерот за економија Крешник Бектеши викендов на ручек во Липково се сретна со поранешниот министер за животна средина од редовите на ДУИ Садула Дураку, додека министерот за надворешни работи Бујар Османи, за разлика од другите недели, кога вообичаено во недела држи брифинг со новинарите, овој пат избра да се сретне со жителите на населбата Серава во скопски Чаир.