Кастриот Реџепи ќе се приклучи на пратеничката група на ДУИ


 

Незавсисниот пратеник Кастриот Реџепи (порано член на Беса) во иднина ќе дејствува како член на пратеничката група на ДУИ. Реџепи се сретнал со двајца членови на „огнената група“, пратеникот Изет Меџити и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за што беше објавена и фотографија.

Денеска Меџити, во изјава за ТВ21 рече дека Реџепи ќе се приклучи на пратеничката група на Демократската унија за интеграција во Собранието.

Реџепи стана центар на политичките настани во Македонија лани на 11 ноември кога не се појави во Собранието и го спречи паѓањето на владата на Зоран Заев бидејќи не можеше да се обезбеди кворум. После тоа Беса го исклучи од партијата и тој продолжи да дејствува како независен пратеник.