Маргарет Втора – данската кралица има 82 години, 50 години е на престолот и е страстен пушач и уметник


  Данската кралица Маргарет Втора, која ја обедини и модернизираше данската монархија, викендов ја слави педесетгодишнината од стапувањето на тронот, но нешто поскромно поради смртта на британската кралица Елизабета Втора. 82-годишната кралица, позната по својот уметнички талент, страсно пушење и сивата пунџа, е првата жена на данскиот трон. Тој е вториот најдолговечен монарх во данската […]

Колективна депресија на руската телевизија по украинскиот контранапад


  Соочени со растечката контраофанзива на Украина, руската пропагандна кампања почна да пропаѓа. Главните пропагандисти на Кремљ наеднаш ја сменија својата реторика и наместо да ги исмеваат украинските војници како „кукавички куп неспособни“, тие сега ги опишуваат како „огромна орда“, вооружена со најдоброто западно оружје и експерти. На руската државна телевизија владее тага и загриженост, […]

Референдумот е мамка, целта се избори


(Колумна за Дојче веле) Не треба да се биде некој ингениозен аналитичар, длабок и таинствен познавач на внатрешните работи во Внатрешната организација, за работите не ви бидат јасни ако не на прв брз поглед, тогаш сигурно на втор смирен преглед. Најавата на опозицијата за одржување референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија има […]

Руската војска на карта покажа од каде морала да се повлече поради офанзивата на Украинците


  Министерството за одбрана на Русија за време на дневниот брифинг за новинарите, покажа која територија на регионот Харков во Украина, од 11 септември, е под контрола на руските војници, а која ја ослободија Украинците во ненадејниот контранапад. Од претставената карта произлегува дека под контрола на Русија има мала територија на исток од регионот Харков, […]

Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Единбург


  Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Единбург, по шестчасовно патување од нејзината летна резиденција во шкотските висорамнини, а ја испратија десетици илјадници ожалостени, многумина во тишина, некои ракоплескаа, а некои во солзи. Малку по 11 часот, возилото со дабовиот ковчег ги напушти портите на замокот Балморал, каде кралицата Елизабета почина во четвртокот на 96-годишна […]

Ковачевски: Договорот помеѓу лозарите и винарите овозможи да има успешен почеток на бербата


 Договорот помеѓу лозарите и винарите овозможи да имаме успешен почеток на бербата, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во Кавадарци.   -Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со којшто имаме триесет проценти зголемени откупни цени на грозјето. Тоа беше потврдено и на состанок што го имавме со претставници на лозарите и винарниците. Оваа […]

ДКСК го испитува тендерот на ДИК за гласање со отпечаток


Тендерот вреден 11,2 за терминалите за гласање со отпечаток на прст стаса на разгледување пред Антикорупциска комисија.Како што објави ТВ 24, во Комисијата веќе стигнала техничката документација и финансиските документи за тендерот. Откако ќе биде разгледана, на разговор ќе биде повикан и претседателот на ДИК Александар Даштевски, а не се исклучува и челновите на ДИК кои […]

Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба


Поранешниот воен командант на босанските Срби, генералот на некогашна Југословенска народна армија (ЈНА) Ратко Младиќ, кој во холандски Хаг отслужува доживотна затворска казна поради воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјавил за AFP неговиот син Дарко Младиќ. Во кусиот телефонски разговор за AFP во Белград, Дарко Младиќ ја потврдил информациите во […]

Мицкоски за референдумот се информира од медиумите


Ако е вистина тоа што го слушнав и прочитав по медиумите дека власта подготвува отфрлање на нашата референдумска иницијатива поднесена во парламентот, тогаш тоа значи дека таа се плаши од соочување со народот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со иницијативата за референдум за поништување на договорот со Бугарија -Јас уште еднаш ги […]

Бугајски: Русија може да заврши како бивша Југославија


Русија можеби нема да ја преживее катастрофалната одлука на Путин да ја нападне Украина. Војната на Русија во Украина покажа дека Кремљ не ги почитува основите на меѓународното право или светоста на меѓународните граници. Оваа империјалистичка надворешна политика наскоро може да и се врати на самата Русија. Се чини дека територијалниот интегритет на Русија ќе […]

(ВИДЕО) Чарлс само што стана крал предизвика негативни реакции


На медиумите и социјалните мрежи се појавија две видеа на кои се гледа како новиот крал на Обединетото Кралство, Чарлс Трети, со гримаса бара од службениците да ги отстранат предметите од масата додека тој потпишува. Неговиот гест беше протолкуван како знак на ароганција и предизвика негативни реакции во јавноста This is the real Charles you […]

СДСМ порачаа дека ќе постапат државнички за референдумот


ВМРО-ДПМНЕ да ја научи процедурата, а пратеничката група на СДСМ ќе постапи државнички, порачаа денес од владеечката партија откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека власта се подготвува да ја отфрли нивната иницијатива и дека за тоа ќе го искористи спикерот на Парламентот Талат Џафери и некоја формална причина.   Според СДСМ иницијативата се уште не е стигната […]

Кремљ ги запре сите референдуми за анектирање нови територии од Украина


  Според два извори блиски до Кремљ, руските власти на неодредено време ги одложиле референдумите за „приклучување кон Русија“ со самопрогласените ЛПР и ДПР, како и окупираните територии на украинските региони Запорожје, Харков и Херсон (во секоја од нив руските власти претходно ја формираа таканаречената воено-цивилна администрација), пишува независниот руски медиум „Медуза“. Соговорниците на „Медуза“ […]

Спасовски положи цвеќе на бистата на македонскиот бранител Бобан Трпков


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, положи цвеќе на бистата на Бобан Трпков, македонски бранител кој трагично го загуби својот живот како припадник на МВР во 2001 година, а постхумно беше одликуван со медал за храброст.   На својот фејсбук-профил, Спасовски напиша дека со длабока почит го положил цвеќето на бистата на македонскиот бранител.   […]

Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска


 Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција. Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и […]

Обновена е резервната линија за напојување на АЕЦ Запорожје


 На украинската нуклеарна централа Запорожје, заземена од Русија, ѝ е обновен резервниот далновод и сега ја обезбедува надворешната енергија што и е потребна за ладење на реакторите, соопшшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „По вчерашното обновување на далноводот… операторот на нуклеарната централа Запорожје утрово го исклучи последниот оперативен реактор, кој изминатава недела ја обезбедуваше […]

Стоилковски: Дали наставничката со средно е најсоодветен кадар за информатика во АЕК?


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски праша денес на прес конференција дали 56-годишна наставничка од средно медицинско училиште во Битола, Емилија Костурски, е најсоодветниот кадар за место соработник за информатички технологии во АЕК, а Бесмира Ејупи за дипломат во МНР.   -Дали предноста на примената пред пријавениот информатичар на конкурсот во АЕК е само фактот што […]

Се уште не се знае кој од Македонија ќе оди на погребот на Елизабета Втора


Во државниот врв се уште не е донесена одлука дали и кој ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора  на 19 септември во Лондон.. Тоа ќе биде прв ваков голем државен погреб во Обединетото Кралство од смртта на Винстон Черчил во 1965 година.   Според она што се дознава, британското МНР веќе испратило циркуларна нота […]

Скопје ќе добие „Алеја на Украина“ на улицата „Никола Кљусев“


Утре во центарот на Скопје градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците Олександр Урбанович свечено ќе ја отворат „Алејата на Украина“ . Станува збор за  улицата Никола Кљусев (поранешна 27 март) во непосредна близина на хотелот „Мериот“. По тој повод ќе биде претставена и изложбата која го демонстрира уништеното културно […]

Мажот пронајден мртов во куќа во Кавадарци бил избоден и запален


  Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти државното Јавно обвинителство.   -Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање […]