Мицкоски за референдумот се информира од медиумите
Ако е вистина тоа што го слушнав и прочитав по медиумите дека власта подготвува отфрлање на нашата референдумска иницијатива поднесена во парламентот, тогаш тоа значи дека таа се плаши од соочување со народот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со иницијативата за референдум за поништување на договорот со Бугарија
-Јас уште еднаш ги предупредувам дека единсвената одговорност ќе биде кај Владата, бидејќи не покажува демократски капацитет. Ова е одлична можност за демократско изјаснување на народот и на референдум и на предвремени избори, Но, можеби се работи само за шпекулации и го да оставиме спикерот Џафери најпрвин да ја дозволи иницијативата и потоа да се овозможи да ги собереме потребните 150 илјади потписи и да одиме на референдум , кажа Мицкоски.