Почна судењето на Бабиш за манипулации со европски дотации


По пет години истрага во Прага денеска почна судењето на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, кој се товари дека пред 13 години на измама добил дотации од околу два милиона евра за семејната фарма и за конференцискиот центар Гнездото на штркот. Заедно со Бабиш одговара и поранешната менаџерка на агро и петрохемискиот концерн Агроферт на Бабиш, Јана Надјова, која според обвинението […]

Претседателот Пендаровски ќе учествува во Процесот Брдо-Бриони во Словенија


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на  Словенија, Борут Пахор и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. Како што информира Кабинетот на Пендаровски, на состанокот, којшто се […]

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија


  Шпанија– Под мотото „Се враќаме на победа: Независност!“ вчера десетици илјади Каталонци протестираа на улиците на Барселона барајќи независност од Шпанија. Има различни информации за бројот на демонстранти. Според организаторот на протестот сепаратистичкото движење на граѓани АНЦ вчера протестирале околу 400.000 луѓе, додека според полицијата – 108.000 лица. Пред пандемијата на вакви протести учествувале […]

Почнува судењето за терористички напади во Брисел во 2016 година


Белгија– Во Брисел денеска почнува судењето на десетмината осомничени за нивната улога во исламистичките терористички напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени. Бомбашите самоубијци на 22 март 2016 година ги нападнаа аеродромот и метро станицата, во време кога Европа веќе беше на крај од претходните напади. Осум осомничени се […]

Италија нов светски шампион во одбојка


  Полска– Одбојкарите на Италија ја победија Полска синоќа во Катовице со 3:1 во финалето на Светското првенство. Натпреварот започна како што очекуваа домашните навивачи со победа во првиот сет на полските одбојкари со 25:22. Италијанците не се предадоа и со целосен пресврт го добија финалето. Во вториот сет беше 25:21, во третиот 25:18, во четвртиот […]

Српскиот писател и новинар Бранко Росиќ во Скопје – промоција на „Доаѓањето на матадорот“


Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14 септември (среда), во кафе-книжарницата „Буква“ во 19 часот, белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград. – За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав […]

Конкурс за поетската награда „Даница Ручигај“


Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува Конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година. Како што информираат од ДПМ, во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од септември 2021 година до крајот на септември 2022 година. Авторките и издавачите треба да достават по еден примерок во канцеларијата на […]

Никола Маџиров член на жирото на „Griffin Poetry Prize“


Македонскиот поет Никола Маџиров е член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Griffin Poetry Prize“, со седиште во Торонто, Канада. Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година изнесува 100.000 американски долари и ќе се додели на авторот […]

Алкараз го освои УС Опен и стана најмладиот број 1 на АТП ранг листата


  САД– Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ноќеска го победи Норвежанецот Каспер Руд во финалето на УС Опен со резултат со 3:1, по сетови 6:4, 2:6, 7:6 (7:1), 6:3. Во меч што траеше 3 часа и 23 минути, 19-годишниот Шпанец имаше 14 аса, три двојни грешки и реализираше 3 брејк топки од 11. На другата страна, 23-годишниот […]

„Златен лав“ за „Сета убавина и крвопролевањето“ , Кејт Бланшет и Колин Фарел ги освоија главните актерски награди


Италија– „Сета убавина и крвопролевањето“, епскиот документарец на Лoра Поитрас за фотографката Нан ​​Голдин и нејзиниот активизам против семејството Саклер и нивните уметнички врски, освои Златен лав за најдобар филм на 79. филмски фестивал во Венеција што заврши викендов. Поитрас, американска режисерка која освои Оскар за документарецот за Едвард Сноуден „Ситизенфор“, му се заблагодари на […]

Педест години од „Кум“ на 25. „Скопје филм фестивал“


Во рамки на годинашната програма на 25. „Скопје филм фестивал“ ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги ги толкуваат Марлон Брандо, Ал Пачино, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Роберт де Ниро, Дајан Китон, Бриџит Фонда, Софија Копола и други. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе […]

Отворање „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје


  Во центарот на Скопје, на ул. „Никола Кљусев“, денеска ќе биде отворена „Алеја на Украина“. Амбасадата на Украина во Скопје соопшти дека ќе биде отворена и изложба која ќе го покаже уништеното културно наследство на Украина. Алејата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, […]

Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска комисија


  Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Пред членовите на Комисијата треба да се најдат кандидатурите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од владејачките партии и предлогот на опозицијата – универзитетскиот професор Саво […]

Втор концерт на „СКУПИ КамерФест“ во Филхармонија


  Вториот концерт на меѓународниот фестивал на класичната камерна музика „СКУПИ КамерФест“ – петто издание ќе се одржи вечер во Филхармонија.   Како што информираат организаторите, на концертот насловен „Balkan Art Stage“ ќе учествуваат 12 инструменталисти од осум различни балкански земји.   Меѓу нив се Љубиша Јовановиќ (Република Србија); Марија Ѓошевска; Гиота Ксенариоу (Република Грција); Бојан […]

Прскање против комарци во Скопје


  Град Скопје соопшти дека денеска ќе почне земјена, а на 16 септември авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.   – Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 12 до 15 септември 2022, во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. Авионската дезинсекција против комарци ќе се одвива […]

Почнува санација на мостот на Брегалница кај Долни Балван


  Mинистерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска ќе го означат почетокот на градежните активности од проектот „Санација на мост на река Брегалница кај село Долни Балван“.   Со реализација на проектот ќе биде поврзан магистралниот пат М5 и регионалниот пат Р2334 како дел од Програмата „Намалување на […]

Макрон и Мицотакис на средба во Париз


Грција– Развојот на настаните во Европа, руската инвазија во Украина, но и регионалните прашања, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе бидат дел од темите со кои ќе разговара со претседателот на Франција Емануел Макрон, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска ќе замине за Париз каде што вечерва ќе се сретне со Макрон. За […]

Променливо облачно, со температура до 28 степени


Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 12 септември 2022 година, 250-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 115 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 18 часот и 51 минута. Денов трае 12 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Избори во Шведска: Тесна победа на владејачките социјалдемократи


  Излезните анкети покажуваат дека екстремната десница за малку не успеала да направи пробив на тесните избори во Шведска. Според истражувањето на избирачките места на шведската телевизија СВТ, актуелната малцинска социјалдемократска влада и нејзините парламентарни сојузници се на пат да добијат мнозинство од три места. Анкетата, исто така, сугерира дека екстремно десничарските Шведски демократи (СД) […]