Отворање „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

Во центарот на Скопје, на ул. „Никола Кљусев“, денеска ќе биде отворена Алеја на Украина“.

Амбасадата на Украина во Скопје соопшти дека ќе биде отворена и изложба која ќе го покаже уништеното културно наследство на Украина.

Алејата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович.