Конкурс за поетската награда „Даница Ручигај“


Фото: Б. Грданоски

Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува Конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.

Како што информираат од ДПМ, во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од септември 2021 година до крајот на септември 2022 година.

Авторките и издавачите треба да достават по еден примерок во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 1 октомври 2022 година.

Доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.