Лефков очекува СДСМ да ја отфрли иницијативата за референдум


„Антимакедонската СДС подготвува план  да ја отфрли иницијативата за референдум“, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Според него, социјалдемократите се свесни дека над 60 отсто од Македонците го поддржуваат референдумот и би излегле да се изјаснат, па затоа подготвуваат сценарио тој воопшто и да не се случи.   „Во таквото сценарио главна улога […]

Светските лидери се борат за покани за погребот на кралицата


ЛОНДОН – Додека Британија тагува за смртта на својот монарх со најдолг стаж, во Лондон веќе се во тек избезумени подготовки за она што треба да биде една од најголемите дипломатски прилики на векот. Стотици сегашни и поранешни шефови на држави и влади ќе им се придружат на голем број други достоинственици кои ќе дојдат […]

Владата донела дополнителни мерки за лозарите и винариите


Владата донела две дополнителни мерки за помош на лозарите и винариите, објави на прес конференција Гоце Георгиевски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.   -Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денари по килограм. Корисници на оваа мерка […]

Објавен превод на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе


Во издание на „Бата прес“ објавен е романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од шпанскиот писател Антонио Г. Итурбе. Книгата од шпански на македонски јазик ја преведе Катерина Јосифовска, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет […]

Украински генерал: Дојдовме на 48 километри од границата со Русија


Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни, денеска изјави дека украинските сили стигнале на околу 48 километри од северната граница со Русија, додавајќи дека напредувањето во регионот Харков продолжува и на југ и кон исток. Жалузни на својот канал на Телеграм напиша дека украинските сили ослободиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија за 10 дена и додаде: „Украина продолжува да ги […]

Русите го гранатираа Миколаев, деветмина повредени


Руската армија изминатата ноќ го гранатираше Миколаев, при што се ранети девет лица, соопшти денеска градоначалникот на Миколаев, Олександар Сиенкевич. Според него, четворица ранети сè уште се во болница. – Миколаев синоќа беше силно гранатиран. Оштетени се станбени згради. Според прелиминарните податоци девет лица се ранети, а четворица сè уште се во болница, се вели во соопштението на градоначалникот на Миколаев, објавено на неговиот канал на Телеграм.

И кралските пчели добија нов крал


Според древната традиција, на кралските пчели треба да им се „соопшти“ дека нивниот претходен монарх починал, а на негово место доаѓа нов. Кралскиот пчелар Џон Чапл (79) морал да им ја пренесе тажната вест на пчелите чувани во кошниците околу Бакингемската палата – дека кралицата починала, и оти сега имаат нов владетел, кралот Чарлс Трети, пренесуваат британските медиуми. По веста за смртта […]

Поворката со ковчегот со телото на кралицата тргна од Балморал за Единбург


Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска. Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата. Поворката треба да помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу […]

Путиновата стратегија низ хумор: Украинската војска бега во паника бркајќи ја руската!


Украинското изненадувачки брзо напредување на фронтот во регионот на Харкив, при што дневно се ослободуваат по неколку места, покрена голема доза на сатира  меѓу аналитичари, новинари ,блогери  и на хумористичните профили на социјалните мрежи. Во коментарите се прави пародија со воениот капацитет на сега, како што се верува, бившата суперсила, а особено предмет на потсмев […]

Штип бара референдум за парите што со децении се замрзнати во трезорот


Штипјани ќе се изјаснуваат за уште едно прашање – дали средстватата од самопридонесот ќе може да се пренаменат за реконструкција на дотраената водоводна мрежа, ако има референдум за последниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.   Локалната самоуправа ќе побара да се изјаснат и дали се согласни да се пренаменат парите […]

СДСМ: Референдумот на Мицкоски е антиевропски и антидржавен


Иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е против македонскиот јазик, прави штета на идентитетот и насочена е директно против евроинтеграцијата на државата, тврдат од СДСМ откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе потписи до Собранието со барање да се укине договорот од 2017 година со Бугарија.    -Сите официјални институции на Унијата потврдија дека процесот на преговори за […]

Филип Јованов, Македонец роден во Швајцарија, е еден од шампионите на „SwissSkills 2022“


Македонец роден во Швајцарија, по потекло од Радовиш – Филип Јованов освои бронзен медал и стана еден од годинашните шампиони на саемот „SwissSkills 2022“ што се одржува во Берн. Како што јави известувачот на МИА, Јованов е проектант на водоинсталации, а занаетот „го печел“ низ швајцарскиот модел на дуално образование. Откако најпрво се остручил за […]

Парламентарни избори во Шведска


Во Шведска денеска се гласа за избор на нов парламент, а избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време. Првичните резултати се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места. Првите официјални делумни резултати треба да ги објави изборната власт во текот на вечерта. Анкетите покажуваат тесна трка меѓу двата политички табора. Социјалдемократите предводени од премиерката Магдалена Андерсон најверојатно […]

Колку заработила државата на игри на среќа?


Државите ширум светот организираат лотарии и на тој начин заработуваат. И македонската држава има свои компании за организирање на игри на среќа. Едната е АД Државна лотарија на Македонија и таа е 100% во сопственост на државата. Како што пишува на нејзината офцијална страница “компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства […]

Доаѓа ли крајот на билбордите?


Рекламните билборди се вообичаена глетка во градовите  ширум светот. Активистката Шарлот Гејџ вели дека сите надворешни реклами што ги гледате на билбордите и автобуските постојки треба да се отстранат. „Овие реклами се на јавниот простор без никакви консултации за тоа што е прикажано на нив“, вели таа. „Плус тие предизвикуваат светлосно загадување, а рекламите се […]

Нуклеарната електрана Запорожје целосно престана да работи


Работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, е целосно прекината како мерка за безбедност на централата, соопшти денеска украинската енергетска компанија Енергоатом. Компанијата прецизираше дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време. – Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба, соопшти Енергоатом. Компанијата додаде дека […]

Дваесетгодишен скопјанец тепал ученици и кршел заби


Основното јавно обвинителство Скопје нареди истражна постапка против 20-годишен скопјанец осомничен за продолжено кривично дело насилство, а надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог да му се определи мерка притвор.​ Како што информира државното Јавно обвинителство, на 9 септември пред средно училиште и кафе-бар во Кисела Вода, осомничениот со умисла извршил две […]

Кулеба: Колку повеќе оружје добиеме, толку побрзо ќе победиме


Успехот на Украина во борбата против Русија покажува дека земјата може да ги победи, но на Киев му треба повеќе оружје од своите партнери, изјави синоќа украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Москва вчера го напушти своето главно упориште во североисточна Украина, откако украинските сили го забрзаа напредувањето. Кулеба, зборувајќи на прес-конференција со германската министерка за […]

Украинците пред Доњецк, Русија официјално потврди повлекување


Украинците од рано утрово го гранатираат Доњецк. Според  неофицијални информации тие веќе стигнале до аеродромот во овој град што им беше недостапен од инвазијата во 2014 година и се во предградието на градот . Британското Министерство за одбрана  потврди  дека во последните 24 часа, украинските сили продолжиле значително да напредуваат во регионот на Харкив. Русија […]

Зголемен сообраќај низ државата, на границите нема подолги задржувања


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, […]