Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски


Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. Меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот официјален фејсбук-профил. – Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. […]

Левица се оградува од качулките, очекува провокатори вечерва


Партијата Левица се оградува од протестантите со црни качулки кои ги напаѓаа полицајците и тврди дека власта подготвува за вечерва провокатори, за да го искористи тоа за да се справи со протестите.   -Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, сега се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на […]

Убиство во Ласкарци


Во СВР Скопје вчера во 21.31 часот во скопско Ласкарци две лица од огнено оружје пукале кон Р.Ќ.(34) од с.Ласкарци. Тој се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Порака од Белата куќа: Почнете ги преговорите со ЕУ


  Џејк Саливен, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, вели дека Македонија е силен сојузник во НАТО и има со што да придонесе во ЕУ и затоа ги повикува македонските пријатели да ја искористат можноста да ги почнат пристапните преговори со ЕУ. „Откако се приклучи на НАТО, Северна Македонија е силен сојузник. […]

Вимблдон: Кирјос обвинет за напад на неговата поранешна девојка, мора да се појави на суд


Англија– Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјос е обвинет за напад на неговата поранешна девојка Кјара Пасари во Канбера кон крајот на минатата година, и е повикан да се појави на суд. Полицијата на австралиската престолнина територија потврди за Canberra Times дека Кирјос е обвинет и дека ќе се појави на суд на почетокот на следниот […]

НЛБ Банка ја продолжува промотивнaта кампања за кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јули


НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица, при што сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитите, ќе имаат можност да искористат низа промотивни поволности. Клиентите кои овој јули ќе се одлучат за купување на нов дом, но и оние кои во текот на летото имаат потреба од финансиски […]

Тони Поповски: Се продаваат многу магли околу францускиот предлог


  Има една тешка и ноторна манипулација дека „вистински“ преговори се кога ќе се отвори првиот кластер на поглавја „темели“. И да сакаме ние тоа да се случи на првата меѓувладина конференција, не може физички да се случи, бидејќи треба време да се подготват преговарачки позиции, вели поранешниот министер за екологија, а сега консултант за […]

Над 30.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на […]

Со дополнетиот ребаланс на Буџетот уште 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата


Дополнетиот ребаланс на Буџетот е усвоен денеска на седница на Влада, а во него, како што информира Министерството за финансии, се вградени амандмани со кои се обезбедени дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата. – Средствата се обезбедени преку прифаќање на амандманите во текот на комисиската расправа во собраниската Комисија за финансирање […]

Младите бараат повисоки плати и флексибилно работно време


Неусогласеност помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на работна сила се најголем проблем проблем за вклучување на младите на пазарот на трудот, беше посочено на денешната дебата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, во организација на ИДУЕП и Младинскиот сојуз. Учесниците на дебатата истакнаа дека младите и работодавачите […]

Во Хрватска затворени првите бензиски пумпи, се очекува затворање на околу 240


Во Хрватска денеска се затворени првите бензиски пумпи. Тоа во изјава за ХРТ го нагласи Армандо Миљавац, кој ја затвори својата бензинска пумпа. „Моравме… Тоа е демонстративно затворање за луѓето да разберат дека тоа не е хир, ние сме во голема неволја. За да не зборуваме само, сакавме да преземеме чекори кои се неизбежни во […]

Угостителските услуги за една година поскапеле 11,2 отсто


Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава, се зголемени за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1,9 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,7 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Ноќевања за 0,3 проценти. Според ДЗС, цените на […]

Србија, Северна Македонија и Албанија со заедничка дигитална туристичка платформа


Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, денеска, по средбата во Белград со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбара Фурџи, изјави дека двете земји заедно со Северна Македонија како дел од иницијативата Отворен Балкан ќе создадат заедничка дигитална платформа на туристичка понуда на овие земји, јави дописникот на […]

Рама: На праг сме на големо откритие на гас и нафта


 Албанскиот премиер Еди Рама денеска посочи дека компанијата „Шел” е блиску до многу важно откритие за гас и нафта во Албанија, што многу ќе влијае не само на иднината на таа земја, туку и на енергетската иднина на Европа, пренесуваат албанските медиуми. -Полни сме со надеж дека наскоро ќе можеме да ја информираме јавноста во нашата […]

Мишел: Никогаш досега не сте биле толку блиску до ЕУ, речете „да“


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача денес од прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски дека одлуката треба ние самите да ја донесеме, но тој гледа балансирано решение во францускиот предлог и гледа можност за Македонија да стане дел од ЕУ – каде што ѝ е местото. Според него, нашата држава никогаш досега не била толку […]

Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград – Охрид


Воведување авиолинија на релацијата Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер, било во фокусот на средбата  во Белград на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија Љупчо Јаневски, со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко […]

Абазовиќ: ЕУ да сфати дека Западен Балкан или целосно ќе се интегрира или ќе остане црна дупка


Европските институции треба да сфатат дека Западен Балкан имаат два патишта: едниот е целосно да се интегрира во ЕУ, што е желбата на сите овие земји, а другиот е да остане црна дупка што е голем проблем и за безбедноста во Европа, порача премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ за време на неговото учество на […]

Синодот на МПЦ – ОА: Да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја


Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало […]

Русија го освои Луганск, но по која цена?


  По повеќе од четири месеци жестоки борби, Русија оствари клучна победа: целосна контрола над една од двете провинции во источното индустриско срце на Украина. Но, заземањето од Москва на последното големо упориште на украинскиот отпор во провинцијата Луганск имаше висока цена. Критичното прашање сега е дали Русија може да собере доволно сила за нова […]

СЗО: Потврдени повеќе од 5.000 случаи на мајмунски сипаници


Светската здравствена организација (СЗО) досега има регистрирано 5.322 лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за повеќе од 50 отсто во однос на претходниот биланс од 22 јуни и само еден смртен случај, изјави денеска портпаролката на организацијата.  „СЗО продолжува да бара од земјите да посветат посебно внимание на случаите на мајмунски сипаници […]