Нови 293 случаи со Ковид-19 и 102 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи со Ковид-19 и 102 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни случаи, регистрирани се 81 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице, а не се регистрирани починати лица […]

Калин Ивановски избори осминафинале на јуниорскиот Вимблдон


Македонски тенисер, Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Македонецот попладнево во 1/16 финалето го победи 11.носител, Родриго Пачеко Менедез во два сета. Ивановски првиот сет го доби со убедливи 6:1, а во вториот резултатот беше 6:2, односно на противникот му препушти само три гема во меч што траеше еден час […]

Европскиот парламент го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска


Европскиот парламент во Стразбур денеска со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната. Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за […]

Седум нови детски и спортски игралишта во Аеродром


Општина Аеродром периодов интензивно работи на реконструкција и обновување на голем број спортски и детски игралишта на ниво на целата територија, со што аеродромци добиваат можност за спорт и рекреација во најсовремени услови, а за децата се создаваат катчиња за безбедна игра. Спортското игралиште „Никола Христовски – Кољо“ во Ново Лисиче е опремено со најсовремени […]

Работниците што загинаа во Кавадарци се скопјани на возраст од 30 и 50 години


Се испитуваат причините за несреќата во Кавадарци во која загинаа двајца градежници, информираа попладнево од Јавното обвинителство. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници […]

Русија ќе го продава украинското жито на Ирак, Иран и на Саудиска Арабија


Евгениј Балицки, шеф на проруската администрација во окупираниот украински регион Запорожје, рече дека тој регион планира да го продава укрианското жито на Блискиот исток, објави прорежимската агенција Тасс. Главните земји копи би се вклучиле во трговијата се Ирак, Иран и Саудиска Арабија. Украина, во повеќе наврати, ја обвини Русија дека го краде украинското жито, што […]

Сите сребрени и бронзени медали на пливачот Рајан Лохте се на аукција, вели за добротворни цели


САД– Сите сребрени и бронзени медали на Рајан Лохте се на аукција, а тој рече дека парите ќе одат во добротворни цели. „Не сакам луѓето да мислат дека не ми е гајле за медалите“, рече Лохте телефонски во неделата. „Ги негувам, но тие само седат во мојот плакар и собираат прашина“. Аукцијата RR ги наведе […]

Кои се „терористите“ што Турција ги бара од Шведска и Финска


  НАТО официјално го започна процесот за воведување на Шведска и Финска во својот воен сојуз. Но, клучен услов за Турција, членка на НАТО е предавањето на повеќе од 70 луѓе опишани од нејзиниот претседател како терористи. Водачите на двете нордиски нации велат дека сериозно го сфаќаат прашањето, но на крајот екстрадицијата е на судовите, […]

Протест пред Владата за отфрлање на францускиот предлог


Пред Владата денеска напладне продолжи протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија. Дел од учесниците со шатори седат пред Владата, а за вечер исто така се најавени нови собири. Околу владината зграда е поставена заштитна ограда, а видливо е и засилено полициско обезбедување. На почетокот на протестот […]

Потпишани пристапните протоколи во НАТО за Шведска и Финска


Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапните протокол за Финска и Шведска со што е овозможено тие да и се придружат на Алијансата откако парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката. – Ова е добар ден а Финска и за Шведска и добар ден за НАТО. Ова навистина е историски момент, со 32 нации […]

Заев: Владата треба да покаже лидерство, треба да го искористиме моментумот


  Верувам дека овие денови Северна Македонија и Европската унија прават историски чекор напред. Последниот предлог на француското претседателство е добра основа за Северна Македонија да го почне преговарачкиот процес што за сите земји започнува со меѓувладина конференција и со скрининг, порача поранешниот премиер Зоран Заев говорејќи на годинешната конференција на Економист што се одржува во Атина. […]

ЈСП Скопје: Комплетно е функционална мобилната апликација „Скопска“


Мобилната апликација „Скопска“, која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“ и е виртуелна автобуска карта, од неодамна е целосно функционална, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“. Апликацијата, посочуваат, е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање […]

ПСЖ го отпушти Покетино


Маурицио Покетино повеќе не е тренер на Пари Сен-Жермен. Парискиот клуб за ова денес преку соопштение ја информира јавноста. – Нашиот клуб потврдува дека го завршивме нашето партнерство со Покетино. Им благодариме на Маурицио и на неговиот стручен штаб за нивната работа и им посакуваме се најдобро, се вели во соопштението на парижаните. Покетино официјално […]

Тарантино по син, доби ќерка


САД-  Славниот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела добија второ дете, по синот во семејството пристигна и девојче. Како што ексклузивно дознава People, девојчето е родено за време на изминатиот празничен викенд, кога се славеше Денот на независноста во САД. „Даниела и Квентин Тарантино се среќни да објават дека Даниела на 2 јули 2022 […]

Tридневен спортски спектакл на FIBA 3х3 баскет турнирот во Скопје Сити Мол


  Од 1-3 јули катната гаража на Скопје Сити Мол беше претворенa во вистинска спортска арена за rooftop FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на здружението “3×3 Basketball Skopje” Македонија и Скопје Сити Мол. На првиот ден од турнирот U18, се натпреваруваа осум екипи под 18 години, а првото место го освои екипата Outsiders, […]

Пендаровски и Мишел разговараа за францускиот предлог и за атмосферата во општеството


  Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори, со што фактички ќе се одблокира ЕУ интеграцијата на нашата земја, заклучија денеска претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој е во еднодневна посета на Македонија. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, за […]

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашниот ненајавен протест


На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Така, околу 16.50 часот, пред  Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. […]

Анализа на „Пари“: Кој од најголемите маркети дава најголеми плати, кој најмали?


Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги стави „под лупа“ платите во најголемите трговски синџири кои се дел и од 100-те најголеми фирми по приход во Македонија. Податоците покажуваат дека компанијата која прави најголем приход, односно кај која најмногу пазарат граѓаните, а тоа е „Кам“,  најмногу ги плаќа своите вработени, а компанијата која прави најголема добивка, а […]

Суецкиот канал оствари рекорден приход од 7 милијарди долари


Приходите на Египет од Суецкиот канал достигнаа рекордни седум милијарди долари во финансиската година што заврши во јуни, објави претседателот на управата со каналот, Осама Рабеа. „Ова е за 20,7 отсто повеќе отколку во претходната финансиска година“, рече Рабеа. Приходите се зголемени поради поголемиот број пловни објекти и поголемиот обем на товар во транзит, се […]