Трите женски лавчиња добија имиња: Хана, Ана и Луна


Хана, Ана и Луна се имињата што ги добија трите женски лавчиња родени во Зоолошката градина во Скопје. Од таму соопштија дека изминатите денови добиле над 3.000 предлози, а најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред […]

Предвиден урбан парк колку Плоштад Македонија во рамки на „Гранд Скопје“


Во склоп на комплексот „Гранд Скопје“ се предвидува и нов урбан парк налик парковите во светските метрополи, најавува компанијата МГ Фешн која го гради современиот станбено-деловен комплекс „Гранд Скопје“ лоциран спроти хотелот „Холидеј Ин“.   Како што посочија од МГ Фешн, компанијата е подготвена да ја реализира оваа капитална инвестиција како донација за градот и […]

Ситигруп предвидува дека нафтата може да поевтини на 65 долари за барел, но…


Цената на суровата нафта би можела да падне на 65 долари за барел до крајот на оваа година и да продолжи да паѓа на 45 долари до крајот на 2023 година доколку дојде до рецесија, која по дефиниција ја поткопува побарувачката, проценува американската банка Ситигруп. Ова сценарио се заснова на претпоставката за отсуство на каква […]

Руте: Отворен Балкан ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан


Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Амстердам на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ. Руте рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“ и посочи дека ќе ја препорача секоја платформа што го обединува Западен Балкан […]

Сеул обвинува: Северна Кореја испуштила вода од брана и предизвикала поплава во Јужна Кореја


Северна Кореја испуштила вода од брана во близина на нејзината граница со Јужна Кореја, принудувајќи го околното население во соседната земја да се евакуира поради зголемувањето на нивото на водата на реката Имџин, соопштија денеска јужнокорејски официјални лица. Нивото на водата кај речниот мост во јужната погранична област Јеончеон вчера попладне надмина еден метар, принудувајќи […]

НСДП го прифаќа францускиот предлог


 Извршниот одбор на НСДП, ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија, имајќи го, како што се вели во соопштението од партијата, во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Северна Македонија, […]

Алтхамер и Жмијевски две недели ќе создаваат уметнички дела во МСУ


Веќе четврти ден европскиот уметнички тандем Артур Жмијевски и Павел Алтхамер создаваат нови дела во просторот на Музејот на современата уметност – Скопје насловена како „Отворено студио“. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.   Како што информираат од Музејот на современа уметност – Скопје, во текот на овие две недели, полските уметници ќе создадат 30-тина […]

Во северна Италија прогласена вонредна состојба заради суша, најголема во последните 70 години


Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони околу реката По, поради најголемата суша во последните 70 години. Емилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Ломбардија, Пиемонт и Венето ќе добијат 36,5 милиони евра (31 милиони фунти; 38 милиони долари) во итни средства за справување со недостигот на вода. Сушата се заканува на повеќе од 30 отсто од […]

„Труд“: ЕУ ja изигра Бугарија за Македонија


  Полицијата во Скопје постигна сѐ во одбрана на својот државен интерес, додека бугарските функционери дрдорковци изгубија сѐ. Од Скопје дознаваме дека таканаречениот француски предлог е веќе модифициран, па дури и ефемерните гаранции што ги содржеше во неговата изворна форма – за историските прашања и јазикот – се избришани и турнати настрана. Нѐ изиграа повторно […]

Бундесбанк: ЕЦБ мора да постави услови за помош на задолжените членки на еврозоната


Европската централна банка (ЕЦБ) мора да постави строги услови за помош на задолжените членки на еврозоната и да ја ограничи на вонредни ситуации, изјави гувернерот на германската Бундесбанка, Јоаким Нагел. На јунската седница ЕЦБ најави дека поради високата инфлација ќе ги зголеми каматните стапки во јули за четвртина процентен поен. По најавата разликата во приносите […]

Емисиите на цврсти честички во погоните на „Макстил“ за три пати пониски од дозволените гранични вредности


Редовните мерења на емисиите на цврсти честички на двете мерни точки во производниот погон на „Макстил“ во вториот квартал од годината покажуваат за речиси 3 пати пониски вредности од дозволените гранични вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, соопштија од компанијата. На емисиона точка Оџак од филтер постројка, каде дозволената гранична вредност […]

Синер пред мечот со Ѓоковиќ: Поминав низ многу четвртфиналиња


Англија– Италијанскиот тенисер Јаник Синер се осврна на претстојниот дуел со Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон. – Се разбира, оваа година покажав дека имам постојаност. Поминав многу четвртфиналиња, многу кола од осминафиналните фази. Мислам дека физички се подобрив. Ако победувате на Грен слем турнири и продолжите во втората недела, значи сте и физички подготвени, […]

Во мобилната телефонија 1,92 милиони претплатници, 426.255 фиксни линии


Заклучно со првиот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.834 претплатници во мобилната телефонија. Од резиденцијалните 754.337 се припејд, а 917.605 постпејд, покрај кои има и 248.892 деловни постпејд претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем удел во вкупниот број претплатници има А1 Македонија со 48,14 проценти, по што следат Македонски Телеком […]

Цената на струјата во ЕУ урива рекорди


Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи пред сè на недостигот […]

Во следниот период уште 20 контејнери со опасниот линдан заминуваат од ОХИС


  Вчера за Франција замина првиот товар со опасниот линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС, а денеска министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека уште 20 контејнери во следниот период ќе бидат однесени од државата. „Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок […]

Казахстан го забрани извозот на нафтени производи во следните шест месеци


Казахстанските министерства за енергетика, внатрешни работи, финансии и Комитетот за национална безбедност потпишаа заедничка наредба со која се воведува забрана за извозот на нафтени деривати со копнен сообраќај. Документот денеска е објавен на веб-страницата на информативниот систем „Параграф“. Од 12 јули стапува на сила забраната за извоз на бензин, дизел гориво и одредени видови нафтени […]

Ангелоски: „Зелен Навигатор“ промовира одржливи решенија за енергетската криза


Делегација на Сојузот на стопански комори составена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателот Орце Симов и членот на Управен одбор Сашо Дуковски, учествуваше на промотивна конференција на иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ која се одржа во Бања Лука во организација на Владата на Република Српска, Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка и Гарантниот фонд […]

Двајца починати при пад на кран во Кавадарци


Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда. На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција. […]

Денес нема да се усвојува францускиот предлог


Францускиот предлог нема да се најде на усвојување на денешната владина седница, потврдиле за „Слободен печат“ извори од Владата иако вчера се најавуваше таква можност. Владата нема да брза со усвојување на документот бидејќи консултациите се` уште траат и не се исцрпени. Од Владата повторуваат дека ништо што задира или потенцијално задира во идентитетот, образованието, […]

Авион летал со огромна дупка на трупот од Дубаи до Австралија


Патнички авион „Ербас А-380“ на компанијата „Емирати“, речиси 14 часа летал од Дубаи со огромна дупка на трупот, пред да слета во Бризбејн, Австралија. Се верува дека штетата е предизвикана од експлозија на гума по полетувањето од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. За време на летот, патниците му пријавиле на екипажот дека слушнале силен тресок при […]