Руте: Отворен Балкан ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан


Марк Руте за време на расправата при гласањето за недоверба (Фото: Ројтерс)
Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Амстердам на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

Руте рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“ и посочи дека ќе ја препорача секоја платформа што го обединува Западен Балкан околу прашања од заеднички интерес, пренесуваат приштински медиуми.

„Мислам дека идејата за воведување зона за слободна трговија меѓу земјите го забрзува процесот на членство и помага да се намалат тензиите“, наведе Руте.