Малдини: Време е Милан да напише нова страница


Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини ги сподели своите очекувања за почетокот на сезоната 2022/23 во Серија А. „Миланезите“ вчера ги почнаа подготовките за новата сезона во која ја бранат шампионската титула. – Минатата сезона беше неверојатна, одгласите на победата сè уште одекнуваат во ѕидовите на канцеларијата на клубот. Но, време е да се напише […]

Вијести: Ѓукановиќ вети дека ќе се повлече од политиката, но под негови услови


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, постигна договор со водечките лидери на ЕУ, односно им даде ветување дека ќе се повлече од политичкиот живот под услов да му биде дозволено да го направи тоа како што тој замислил. односно на негов начин, пишува денеска подгоричкиот дневен весник „Вијести“.   „Ѓукановиќ стави до знаење дека тој, […]

За еден ден од Аеродром 213 барања за субвенции за велосипеди и тротинети


За само еден ден до Општина Аеродром пристигнаа 213 барања за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети, соопштија од Општината. Потсетуваат за можноста секој граѓанин да поднесе барање за велосипед или електричен тротинет што бил купен во 2022 година, при што општината ќе надомести 3.000, односно 5.000 денари од цената. Апелираат на што помасовно […]

Бајден повика на единство на Денот на независноста на САД


По повод прославата за Денот на независноста на САД, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека основните слободи се загрозени, па ги повика граѓаните на обединување и „принципиелен патриотизам“ кога земјата се соочува со економски предизвици и национални поделби. „Од најдлабоките длабочини на нашите најлоши кризи, секогаш сме се издигнувале до повисоки височини. Сме биле тестирани […]

Елизабета Втора во иднина со помалку службени должности


Англија– Кралицата Елизабета Втора во иднина ќе има намален обем на службени должности. Како што пишува „Пипл“, имено, во годинашниот официјален извештај на Монархијата, објавен минатата недела, нема задачи што кралицата „мора да ги исполни“ во списокот. Односно, 13-те точки што ја опишуваат улогата и должностите на кралицата сега даваат малку поопшт опис. Овој потег […]

СДСМ: Мицкоски бара работни групи за Бугарија, кога му нудевме одби


СДСМ го обвини денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека е лажна и лицемерна неговата наводна загриженост за предлогот на француското претседателство.   -Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија. Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат […]

Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар


  Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, […]

Маричиќ и Османи: Сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот


 Сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот, истакнаа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија. Министерот Османи истакна дека е добро што почнавме да ја рационализираме дебатата и да зборуваме за конкретни забелешки. -До пред некој ден се зборуваше […]

Во Подгорица се одржа нов протест против најавениот Темелен договор за уредување на односите со СПЦ


 Пред зградата на Владата на Црна Гора синоќа повторно се одржа протест поради најавата на премиерот Дритан Абазовиќ дека Владата в четврток ќе се произнесе по Темелниот договор за уредување на правната рамка на односите со Српската православна Црква. Учесниците на протестот, меѓу другото, порачаа дека таквиот текст на Темелниот договор е штетен за сите […]

Тачи: Ниедна албанска партија нема да коалицира со тие што се против овој договор


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, смета дека ниедна албанска партија нема да коалицира со тие што се против овој договор. „Меѓународниот фактор прави големи напори за да ја придвижи Македонија напред, напред кон ЕУ. И ова не е заслуга на Владата, ова е заслуга на нашиот стратешки партнер САД. Тие даваат огромна поддршка на нашата […]

„Дизни“ може да ги изгуби правата за Мики Маус


Компанијата „Дизни“ може да ги изгуби ексклузивните права над веќе легендарниот лик Мики Маус, бидејќи 95-годишните авторски права за ликот истекуваат во 2024 година. Веселото глувче со пискав глас првпат се појави во 1928 година, па се претвори во своевиден заштитен симбол на компанијата и стана еден од најпрепознатливите цртани ликови на сите времиња. Инаку, […]

Шарл Мишел во еднодневна посета на Скопје


Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел денеска е во еднодневна посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти владината прес служба, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот […]

Украинските сили на нови позиции во Доњецк, се чека помош во оружје за контраофанзива на југот од земјата


По падот на регионот Луганск украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск, градот со чие заземање Русија ја презеде контролата врз […]

Активни два големи шумски пожари во Грција, евакуирани села и хотел


Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и се сè уште активни, а превентивно беа евакуирани села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина. Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите […]

Ајфеловата кула може да се урне, без итни поправки


Од 2010 година, Ајфеловата кула во Париз прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа може да се урне, повикувајќи се на доверливи документи, пишува списанието „Маријан“. Се истакнува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба – „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен […]

Алармантно во Австралија: Прогласена вонредна состојба, наредена евакуација на 50 илјади жители од поплавните подрачја


Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија […]

Инфлацијата е отров за општеството, вели шефот на Дојче банк


Шефот на Дојче банк, Кристијан Севинг, ја опишува бесната инфлација како отров за општеството и предупредува дека постојаното зголемување на цените на сè, се заканува со рецесија. Кога 40 отсто од граѓаните велат дека на крајот на месецот не можат да остават евро настрана, тоа значи дека е загрозен социјалниот мир во Германија, рече Севинг […]

Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго


Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Според полициското соопштение, припадниците на органите на […]

Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска


Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, […]

Захарова: Москва би можела да и врати на цела ЕУ поради протерувањето на дипломатите од Бугарија


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва би можела да и врати на цела Европска Унија поради протерувањето на 70 руски дипломати. Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор, посочи Захарова. Таа ги повика Софија и ЕУ […]