Заврши меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“


Со врачување на наградите од традиционалниот конкурс на „Битолски книжевен круг“ и со промоција на наградени книги, заврши 11. Меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ организирана од Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, финансиски поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес, како и со поддршка од Општина Битола. На манифестацијата учествуваа истакнати писатели […]

За францускиот предлог дебата и во Собранието, продолжуваат реакциите за и против


Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за […]

„Проект 4“ – групна изложба на ликовни уметници од Србија


Во организација на Културно-информативен центар – Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба „Проект 4“ на ликовните уметници од Србија – Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. Изложбата ќе биде отворена до 23-ти месецов. – Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден […]

Зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани, што придонесува за пораст на КОВИД случаите


Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка […]

Амбасадата на Шведска организира настан „Шведска во Градскиот парк“


Амбасадата на Шведска во Северна Македонија денеска организира настан под отворено небо „Шведска во Градскиот парк“. Настанот ќе се одржи на „Школка“. -Програмата вклучува разновидни активности, и за возрасните и за децата, поделени во пет тематски катчиња: демократија, родова еднаквост, животна средина, култура и безбедност во сообраќајот, кои соодветствуваат на приоритетните тематски области на кои […]

Претпладне сончево, попладне можна појава на краткотрајно невреме


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе […]

Францускиот предлог е добра основа за почеток на преговорите со ЕУ, оцени СДСМ


  Извршниот одбор на СДСМ на денешната попладневна седница заклучи дека францускиот предлог е добра основа за европските интеграции и почетокот на преговорите со ЕУ и дека процесот на консултациите да продолжи во Собранието. Во заклучоците се вели дека сега е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите […]

ДУИ го осудува антиевропското насилство на проруските елементи


Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. -Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и […]

Пукање на парадата за 4-ти јули во предградие на Чикаго, најмалку шестмина мртви


Пукање е забележано на патеката на парадата за Денот на независноста во предградието на Чикаго, Хајленд Парк, објави канцеларијата на шерифот на округот Лејк на Твитер во понеделникот. Телевизијата WGN објави, повикувајќи се на неидентификувани полициски извори, дека се стравува дека најмалку шестмина лица загинале, а десетици други се повредени. Поворката ненадејно беше запрена кога […]

На протестот македонскиот јазик се брани со пароли испишани на бугарски


  Кој знае какви сѐлуѓе и со какви интереси се собраа вечерва на протестот пред Владата. Еден од демонстрантите носи маичка со картата на географска Македонија, во неа е испишано ВМРО, а под неа на бугарски јазик – „Презъ голгота къмъ независима Македония“ (Преку голгота до независна Македонија). Тој држи и знаме со партиските бои […]

Цела недела „во филм“ – почнува 21. „Синедејс“


Јули и оваа година е во исчекување на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, кој годинава се одржува по 21 пат во термин, од 7 до 14 овој месец и за среќа ќе бидеме „во филм“ цела недела со повеќе од 50 филмови. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“, програмата на 21-от фестивал […]

Ламбе настапи како политичар, го запали францускиот предлог


Пејачот Ламбе Алабаковски, кој направи инидент неодамна со Културниот клуб „Ванчо михајлов“,  пееше и се обрати на протестот пред Владата. Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам.  „Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот, […]

Напнато пред Владата, граѓаните се пробија во дворот


  Се зголеми тензијата на протестот пред Владата. Граѓаните што веќе трета вечер протестираат против францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ ја пробија заштитната ограда и влегоа во дворот на Владата. По извесно време од зад зградата на Владата се појавија специјални единици на полицијата и направија […]

На местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто такво дрво


Од невремето кое зафати делови од Скопје, деновиве, на повеќе места имаше паднати дрјва, а падна и едно од дрвјата засадени во близина на спомен-плочата за Мајка Тереза. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски на денешната прес-конференција истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто дрво од […]

МЖСПП: Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава


Започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и […]

Германија планира со „климатски“ да ја замени понудата за јавен превоз од 9 евра


Германија би можела да направи подостапен јавен превоз по успехот на билетот од 9 евра. Повеќе од 20 милиони луѓе го купија месечниот билет за патување од 9 евра во јуни, наменет за помош на луѓето за време на енергетската криза. А сега германската влада размислува за воведување „климатски билет“ како замена за евтината транспортна […]

Кирјос се пласираше во четвртфинале на Вимблдон


Англија– Австралискиот тенисер со грчки корени Ник Кирјос се пласираше во четвртфинале на Вимблдон, откако во возбудлив натпревар го победи Американецот Брендон Накашима со 3-2 во сетови, односно 4-6, 6-4, 7-6, 3-6 и 6-2. Ова е второ четвртфинале во кариерата за Кирјос, откако до таков успех стигна и пред осум години, а следен противник ќе […]

На Табановце за влез во земјава се чека околу час, а на Богородица за излез околу 30 минути


Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопштија од АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин Табановце за влез во Северна Македонија е околу еден час. На Граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути. […]

„Волво“ ќе инвестира 1,2 милијарди евра во Словачка во фабрика за електрични возила


Компанијата „Волво автомобили“ (Volvo Cars) ќе инвестира 1,2 милијарди евра (1,25 милијарди долари) за изградба на нова производствена фабрика во Кошице, Словачка, способна да произведува 250.000 електрични возила годишно, објави автомобилскиот производител во петокот. „Волво“ има за цел да биде бренд само за електрични возила до 2030 година и за да ја постигне таа цел, […]

Билатералниот протокол ќе биде објавен кога ќе биде финализиран како документ


Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме  имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и […]